08:37 - 28 ноември, 2026

(ФОТО) Потрошила цело богатство за да изгледа како жива барбика, а нејзиниот изглед не може да не помине незабележан

Самопрогласената „човечка кукла Барби“, Тара Џејн Меконахи, здравствен работник по професија, направила голема трансформација на својот изглед, потрошила 200.000 долари на козметички процедури – вклучувајќи пет зголемување на градите, шест операции на нос и многу тури ботокс и филери.

Инстаграм моделот, 33-годишната Тара, која се прослави минатата година откако се појави на Е! реалното шоу „Botched“ се појавила со нејзината мајка на ручек во луксузен ресторан во Мелбурн, а нејзиниот необичен изглед не можел да помине незабележано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Jayne (@tara_jayn3)

Таа се појавила во проѕирно боди, розови сандали и со чанта од Луј Витон вредна 8.650 долари и вештачки сини нокти.

Во август минатата година, Тара се појави во документарниот филм на Тод Сампсон „Mirror Mirror“, кој следеше група Австралијци опседнати со „одење под нож“.

Таа се опиша себеси како „надградена“ ограничена „кукла Барби“, а се пожали и на големината на нејзините гради.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Jayne (@tara_jayn3)

„Мислам дека сакам поголеми гради, не сум задоволна со тоа што го имам“, изјави тогаш таа.

Но се разочарала кога лекарите ѝ рекле дека нејзината тежина е „опасно мала“, со оглед на тоа дека има само 45 килограми, па не може да носи толку големи импланти.

„Навистина сум загрижен за општата состојба на Тара. „Не мислам само на операцијата, туку на нејзиното општо физичко и психичко здравје“, рекол д-р Насиф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Jayne (@tara_jayn3)

Тара тврди дека е многу важно жените да имаат можност да изразат како се чувствуваат и да ги негуваат сопствените идеи за убавината, а пластичната хирургија е она што ја прави среќна.

„Тие ми даваат самодоверба да станам најдобрата верзија од себе“, заклучува оваа девојка која неодамна се приклучи на страницата за возрасни OnlyFans за да обезбеди доволно средства за сите нејзини идни интервенции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Jayne (@tara_jayn3)

Слични објави

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.
Се вчитува....