14.8 C
Скопје
13:44 - 30 октомври, 2026

(ФОТО) НАУКАТА ПРЕСЕЧЕ: Вака изгледаат најубавата жена и најубавиот маж

Убавината е во окото на тој што ја гледа? Убавината е премногу субјективна работа за да може да биде дефинитивно оценета? Ете сте згрешиле, вели науката.

Академик и експерт во областа на визуелното профилирање од Обединетото Кралство користел технологија што вообичаено се користи за производство на фотофитови на барани криминалци за дигитално да состави како изгледаат најатрактивните маж и жена според англиската јавност, пренесува „TheJournal“.

фото: thejournal.ie/принтскрин
фото: thejournal.ie/принтскрин

Луѓето беа консултирани за она што тие го гледаат како најатрактивните атрибути на една личност. Разгледуваните фактори вклучуваат: големината на носот, полноста на усните и типот на коса.

Од резултатите од тоа истражување д-р Крис Соломон од Универзитетот во Кент создаде 100 профили на лицето кои потоа биле оценети за привлечност од страна на членовите на јавноста.

Соломон вели дека истражувањето, кое беше нарачана од компанијата „Samsung“ за да се поврзе со лансирањето на нивниот паметен телефон Galaxy S6, открива „некои интересни резултати за тоа што Британците го сметаат за олицетворение на убавината“.

„Важно е да се забележи дека ова се идеализирани лица според оние што живеат во Обединетото Кралство, така што една студија во Азија или Африка, на пример, несомнено би имала различни резултати“, рече тој.

Дејвид Ганди и Натали Портман се славни личности кои најмногу личат на проекциите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Gandy (@davidgandy_official)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalie Portman (@natalieportman)

 

 

Слични објави

Лепа Брена за најтешкиот период во животот: „Се плашев дека нема да ги изведам децата на пат“

Е.А.

Дарко Лазиќ си стави ботокс, а неговата сопруга го снимаше процесот

Е.А.

„Кога те нема“, првата песна што победи на „Макфест“ – Хелена Благне и денес со љубов се сеќава на македонската публика

Т.Ц.

Петок е, време е за дружење — три брзи закуски што ќе исчезнат од масата за миг

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

Дневен хороскоп за 30 октомври: Обрнете внимание на деталите што би можеле да предизвикаат недоразбирање

apostolova
Се вчитува....