17.8 C
Скопје
11:17 - 22 октомври, 2026

ФОТО: Ја шокирала јавноста, а папата фрлил анатема на неа – Вака изгледала првата Мис на светот!

На 19-ти април 1951 година во Лондон е одржан првиот избор за Мис на светот, а победата ѝ припаднала на тогашната мис Шведска, 22-годишната убавица Кики Хакансон.

Мис на светот е најстариот меѓународен избор на убавина. Тој е основан од страна на ТВ водителот Ерик Морли во 1951 година во Обединетото Кралство, а од неговата смрт во 2000 година, неговата сопруга Џулија Морли, ја извршува должноста копретседател на натпреварот.

Станува збор за најпрестижната титула за убавина за која сонува секоја девојка која се занимава со моделинг. Сепак, во далечната 1951 година, натпреварот бил замислен како еднократен настан – Фестивал на бикини, поврзан со Фестивалот Британија кој се одржувал во исто време. Целта на натпреварот била промоција на костими за капење, со кои, очекувано, се привлекло вниманието на јавноста.

Се натпреварувале 27 девојки. Дури 21 девојка била од Британија (правилото секоја држава да испраќа само една претставничка е подоцна воведено), но на крајот сепак победила Кики Хакансон од Шведска.

Кики, која ја нарекувале „најубавата девојка во Шведска“ имала 22 години. Таа изгледала прекрасно, а освен што станала првата Мис на светот некогаш, била прва и во уште нешто – се до денес таа е единствената мисица која ја примила титулата во бикини.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Поради овој потег (кој од неа го побарале организаторите на изборот) наместо слава, Кики доживеала прилично непријатни искуства – папата фрлил анатема на неа, а некои држави со ригорозни религиски норми ѝ го забраниле влезот.

Бикините му донеле толку негативен публицитет на натпреварот што веќе од следната година биле забранети. Наместо тоа, девојките шетале во позатворени костими за капење. Дури децении подоцна бикинито било повторно дозволено, но Кики останала единствената мисица некогаш која титулата ја примила носејќи ги нив.

Слични објави

(Фото) Хрватската актерка Миа Беговиќ се огласи по свадбата на нејзината внука Лана: „Ве прегрнувам со гордост, во име на Ена и мое“

Еспресо

(Фото) Откако тајно се венчаа по 12 години љубов, Реља откри дали Николија го земала неговото презиме

К.С.

(Фото) Ирена Спировска во златен фустан на свадбена прослава — водителката позираше покрај саканиот Душко

К.С.

Хороскоп за 22 октомври: Скорпиите ќе бидат расположени, Јарците ги очекува средба со најблиските

Еспресо

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо
Се вчитува....