7.8 C
Скопје
20:33 - 30 март, 2026

ДИЕТНА ПРОГРАМА ЗА СЛАБЕЕЊЕ И ТОП ФОРМА: Вака се храни и слабее Џенифер Лопез

Пејачката и танчарка, која наскоро ќе наполни 53 години, има тонирано и совршено тело, како резултат на интензивен и постојан тренинг, но исто така и на добра диета.

Во скоро сите нејзини оброци таа следи ригорозен режим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

За појадок

Диетата на Џенифер Лопез е многу слична на диетата која ја практикува Меган Маркл. За појадок – храна богата со протеини или овесна каша.

Според списанието „People“, нејзиниот идеален пијалак за појадок е составен од јагоди, боровинки, грчки јогурт, цимет, мед и протеински прашок, за да ги одржи мускулите ефикасни.

Ѕвездата е исто така обожавателка на класичната чаша вода и лимон за да го започне денот, и продолжува да биде добро хидрирана со пиење минимум седум чаши вода секој ден, како што објаснува нејзиниот тренер Дод Ромеро.

Но, никогаш нема да видите кафе на нејзината маса наутро: пејачката внимателно го избегнува кофеинот.

Мени за ручек

Нејзиниот личен тренер, Трејси Андерсон, и диктира на Џенифер избалансирана диета.

„Мора да јадете многу често затоа што ви треба здраво гориво за сите активности што ги правите во текот на денот“, објасни тој.

„Секоја храна мора да биде органска, а менито е многу внимателно селектирани: богато е со висококвалитетни протеини и многу хранлива и свежа храна. Постојат многу салати кои Џеј Ло сака да ги вкуси, честопати заедно со нејзиното момче и идниот сопруг Алекс Родригез. Омилени состојки на пејачката за разновидните салати се зелка, семе од тиква, фета сирење,  и кромид, сите зачинети со прелив од маслиново масло“, објаснува Андерсон.

По породувањата, Џеј Ло следеше веганска диета за да ја изгуби тежината.

После строгата веганска диета, Лопез постепено додавала во исхраната пилешки гради, говедско месо, лосос и месо од ајкула, за да го зголеми внесот на протеини.

Мени за вечера

Здравите оброци продолжуваат и за време на вечерата, кога таа лично влегува во кујната и се посветува на вегетаријанското мени, кое го наменува и за нејзините деца.

– Ние јадеме многу зелен зеленчук, како аспарагус, брокула и зелка “, рече таа. „Многу сакам да готвам храна од порториканската кујна бидејќи со таква храна пораснав“. Но за вечера готвам и посложени јадења како што е белиот ориз, гравот во комбинација со зеленчук, храна што ја сака моето семејство.

Слични објави

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.
Се вчитува....