15:14 - 2 април, 2026

Џенифер Лопез на удар на стриптизерката: Само јас ја знам вистината

Џенифер Лопез (49) ќе ја гледаме во филмоt “Hustlers“, кој е сниман според вистинската приказна за стриптизерките кои одлучиле да ги ограбат своите богати клиенти од Вол Стрит.

Џеј Ло се нашла на удар на Саманта Барбуш (46) поранешна стриптизерка, која тврди дека ова остварување ја украло нејзината животна приказна. Затоа таа бара паричен надомест, како од продуцентите на филмот, така и од пејачката.

– Ако се заработува на мојата приказна, тогаш би требало да признаат дека тоа е моја приказна и веројатно заслужувам некаква награда. Ќе го запреме снимањето бидејќи сум погрешно претставена – рекла Саманта за „Њујорк пост“.

Таа наведува дека сепак ѝ е мило што ја глими Џенифер Лопез.

– Почестена сум дека таа ме глуми, ама мислам дека прво би требало да зборува со мене. Единствено јас ја знам целата вистина – рекла Саманта.

Инаку Саманта Барбуш била главна во бандата поранешни стриптизерки кои ги ограбиле богатите клиенти. Таа со уште неколку свои колешки ги дрогирале мажите, а потоа им повлекувале пари од кредитните картички. Тоа главно биле оженети мажи. Поради ова дело Саманта била осудена на 5 години условна казна.

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо
Се вчитува....