8.8 C
Скопје
21:04 - 30 март, 2026

5 намирници за силна ерекција

Овошјето и црвеното вино можат да го намалат ризикот од појава на еректилна дисфункција, откриваат новите студии на научниците од Велика Британија.

Научниците истражувале и набљудувале 25.000 мажи во период од 10 години, а малку повеќе од една третина од мажите развиле еректилна дисфункција во текот на студискиот период.

Меѓутоа, мажите кои кажале дека јадат повеќе од три порции недлно од овие пет клучни намирници, имале за 19 проценти помали шанси да заболат од еректилна дисфункција во споредба со оние кои не ги јаделе овие намирници.

Петте намирници кои би требало да ги јадете се: бобичесто овошје, портокали, црвено вино, јаболки и крушки.

За зголемување на моќта на пенисот се задолжени флавоноидите, состојките од овошјето и зеленчукот, вели авторот на студијата Един Касиди, директор на одделението за исхрана на Медицинското училиште во Норвич.

Кај повеќето пациенти, кои боледуваат од еректилна дисфункција, откриено е дека болеста се развила поради недоволниот проток на крв во пенисот.

Некои флавоноиди можат да ја подобрат циркулацијата на крвта, правејќи ги артериите флексибилни и отворајќи ги вашите крвни садови.

Значи, доколку сакате да го зачувате здравјето и функционалноста на својот пенис, испијте уште денес чаша црвено вино или изедете некое од овие овошја.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....