5.8 C
Скопје
02:04 - 26 април, 2024

Хороскоп за 6 август: Играјте на сигурно и нема да зажалите

Овен
Не дозволувајте ситните кавги со колегите да ве исфрлат од такт. Кога ќе забележите дека сте налутени, повлечете се во самотија и бројте до 10, брзо ќе се смирите и ќе го избегнете непотребниот конфликт. Ако нешто на работа ви ја наруши рутината, ќе мора сѐ да почнете да работите од почеток.

Бик
Неочекуван финансиски проблем ќе ве вознемири на почетокот на месецот. Немојте да ве обесхрабрува тоа затоа што во текот на средината, сите полиња во вашиот живот ќе се подобрат. Време е да се ставите себеси како приоритет и да престанете да мислите прво на туѓото задоволство. Ќе ви биде мило.

Близнаци

Немојте да го губите оптимизмот ако западнете во финансиски неволји, не е крај на светот. Решението ви е на дофат на рацете, затоа уште малку стрпете се и во меѓувреме пронајдете го најдобриот начин за заштеда. Доколку сметате дека работата не ве задоволува, дадете отказ, ви престојат нови можности.

Рак

Не ги одложувајте наталожените професионални проблеми и не се откажувајте ако се сретнете со некој предизвик. Резултатите ќе ги надминат вашите очекувања и ќе ве убедат дека во иднина не смеете лесно да се откажувате. Некој отворено ќе ви покаже наклонетост. Нема повлекување, прифатете можноста.

Лав

Пред да направите нешто денес, особено кога станува збор за работата, помислете на последиците. Не избрзувајте и останете смирени. Потребна ви е промена, па не се плашете да го преземете првиот чекор. На љубовен план, не донесувајте одлуки кои ќе влијаат на далечната иднина. Важна е сегашноста.

Девица

Сакате да знаете повеќе и да направите повеќе, а ова особено ќе се цени на работното место. Истражувајте и дознавајте сѐ што би ви помогнало во понатамошната кариера. Не заборавајте да се забавувате додека учите или работите. Во љубовта, се чувствувате добро во сопствената кожа и самоуверени сте.

Вага

Денес ќе сакате да им помагате на другите, а токму ова ќе ви помогне да заборавите на сите ваши грижи. На работното место не брзајте со почнување нов проект и добро размислете што треба да завршите најпрво. Во љубовта слушајте ја вашата интуиција и уживајте во моментите со партнерот. Нежности и страст.

Скорпија

Внимавајте на парите денес. Големи се шансите да имате непредвиден трошок или да направите лоша инвестиција, па претпазливоста е повеќе од пожелна. Играјте на сигурно и нема да зажалите. На љубовен план, ќе ве надвладува импулсивноста. Не пренаглувајте, денес е потребно броите до 10!

Стрелец

Денес трпеливоста е за претпочитање. Во неколку наврати ќе се чувствувате дека многу ќе избувнете, но ќе успеете да ги надвладеете силните емоции и ќе зрачите со смиреност. Планетите ќе ви подарат моќ да одлучувате какви чувства ќе оддавате кон околината, па потрудете се тоа да се позитивни вибрации.

Јарец
Максимално ќе ве привлекуваат елоквентни личности, кои умеат да ви се протнат под кожата. Љубезните зборови и ласкањата ќе ви го растреперуваат срцето, па внимавајте кого ќе пуштите блиску до себе. Ако имате проблеми со некој колега, обидете се да ги решите без вплеткување на надредените. Имате и вие моќ!

Водолија

Кои се вашите вистински колеги, соработници? Денес посериозно ќе се замислите за лицата со кои секојдневно комуницирате и на кои сте им подариле дел од вашето срце, на кои сте им помогнале кога им било најтешко. Ова е одличен ден за интимни средби „еден на еден“. Колку помалку луѓе, толку подобро.

Риби

Имате проблеми во комуникацијата со колегите. Решете ги недоразбирањата навреме, за да не настанат големи проблеми од ситници. На љубовно поле, повеќе разговарајте и не ги кријте важните работи. На работното место ќе треба да се потрудите повеќе ако сакате навреме да завршите со важните обврски.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....