10.8 C
Скопје
00:03 - 20 април, 2024

Врската им е веќе во ГОЛЕМА КРИЗА! АСТРОЛОШКАТА КАРТА на Хари и Меган толкувана од врвен астролог!

Според популарниот астролог Емили Адам, која е позната по тоа што преку ѕвездите се им „погаѓа“ на луѓето-ѕвезди, врската на Хари и Меган е веќе во голема криза.

– Тој очајно сака да се врати во Лондон, во кралското семејство кое многу му недостасува, таа пак, не сака ни да чуе за кралското семејство ниту за Лондон. А ова, според Емили Адам, астролог на ѕвездите, може да значи крај на бракот на Хари и Меган.

Комплициран и хаотичен: вака астрологот Емили Адам го дефинираше бракот на принцот Хари и Меган, во интервју за подкастот To Di For Daily. А проблемите што сега ја доведуваат во прашање издржливоста на кралската двојка – кои го напуштија својот кралски живот пред две години за да живеат како „обични смртници“ во Монтесито, Калифорнија – може да резултираат со болна разделба.

Според астрологот Емили Адам, бурниот период што Хари и Меган веќе го доживуваат како пар произлегува од фактот што Хари конечно сфатил дека сака да се врати кај своето семејство. Тој сака да се смири со својот брат Вилијам, да ги обнови односите со неговиот татко Чарлс,  и да биде во близина на неговата сакана баба Елизабета која е веќе во длабока старост.  А Меган пак, не сака ни да чуе за таков живот бидејќи има други планови и повеќе не сака да стапнува во кралската палата.

„Веќе во моментот на венчавката, пред четири години, забележав проблематична енергија меѓу нив“, објаснила Емили Адам. „Но, сега гледам уште поголем хаос. Ова е тежок, многу тежок брак“.

И иднината не ветува: „Во одреден момент тие би можеле да се дистанцираат од емоционална гледна точка. Хари ќе се чувствува принуден да остане блиску до своите деца Арчи и Лилибет и само затоа нема да си замине, но еден ден ќе ја сфати тежината на досегашните одлуки“.

Според Емили Адам, во последниве месеци Хари почнал повторно да ја открива спонтаноста и енергијата кои некогаш толку многу го правеле сочувствителен со Британците. Но, дали ќе може повторно да ги освои нивните срца, срцата на Британците? – постојано се прашува војводата од Сасекс.

Новото истражување, спроведено минатиот месец од страна на Ипсос на Британци на возраст меѓу 16 и 75 години, открива дека откако се оженил со Меган во мај 2018 година, принцот изгубил дури 35 проценти доверба.

Додека популарноста на кралицата Елизабета продолжува да расте, проследена со онаа на Вилијам и Кејт, само тројца од 10 Британци велат дека се на страната на Хари. Но, војводите од Сасекс можат да се утешат со еден охрабрувачки факт (за нив): благодарение на принцот Ендру, кој 69 отсто од интервјуираните го оценија како непривлечен, тие не се најомразените кралски членови во Велика Британија.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....