23:16 - 6 ноември, 2026

(ФОТО) Супермоделите од 90-тите заедно во ДОЛНА ОБЛЕКА НА КИМ КАРДАШИЈАН: „Покултно од ова не може да биде!“

Последниве години популарноста и приходите на Ким Кардашијан рапидно растат поради нејзиниот моден бренд Скимс за удобна долна облека, а тоа го докажува и новата кампања во која се ангажирани најплатените светски манекенки

Тајра Бенкс, Хајди Клум, Кендис Сванепул и Алесандра Амбросио ја добија честа да ја претстават новата линија на долна облека Скимс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SKIMS (@skims)

Популарните манекенки повеќе од 20 години, колку што некои од нив се занимаваат со манекенство, немавме можност да ги видиме заедно. Најплатените од таа индустрија успеа да ги доведе пред објективот Ким Кардашијан, сопственичката на популарниот бренд.

„Покултно од ова не може да биде“, кратко и јасно стои под новите објави на профилот на брендот Скимс, кои покажуваат како поминало снимањето со 48-годишната Хајди, 40-годишната Алесандра, 48-годишната Тајра и 33-годишната Кендис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SKIMS (@skims)

Жешката четворка ги запали социјалните мрежи, па се нижеа пофалби за нивниот изглед во оваа памучна и удобна долна облека која во исто време ги слави облините и изгледа елегантно, едноставно и секси. И овој пат заштитен знак се „нуд“ нијансите, на кои брендот им е верен од самиот почеток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SKIMS (@skims)

Пред некое време во кампањите на Скимс можевме да ја видиме и Кејт Мос, инаку долгогодишно заштитно лице на долната облека Келвин Клајн.

Се чини дека Ким Кардашијан станува еден од најпосакуваните работодавци во модните кругови. Скимс, само една од нејзините компании, во април 2021 година беше проценета на 1,6 милијарди долари. Денес, според Форбс, вреди 3,2 милијарди. Цените на парчињата од новата колекција наречена Iconic се движат од 30 до 70 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SKIMS (@skims)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....