18:52 - 21 ноември, 2026

ВЕРУВАТЕ ЛИ ВО ЕНЕРГИЈАТА НА ИМЕТО? Сопственичките на овие 5 имиња се заштитени од лоша среќа

Според астролозите, ѕвездите имаат огромно влијание врз карактерот на личноста родена во одреден хороскопски знак. Но, постојат и верувања дека и имињата не ги добиваме случајно и дека всушност ни се предодредени одамна пред да се родиме.

Некои женски имиња имаат силна енергија со себе, а се верува дека сопственичките на следниве пет имиња се заштитени и среќни:

Александра

Ова име има значење „заштитничка“ и „храбра“. Се верува дека го носат девојки и жени кои се полни со сила и самодоверба и кои сигурно чекорат низ животот.

Викторија

Значењето на ова име е „победничка“. Таа сигурно чекори кон своите цели, енергична е, активна, интелигентна и атрактивна.

Ирина

Ова име има значење „мир“. Жените со ова име се приземни и зрачат со сила и спокој. Носат брзи и точни одлуки и ризикуваат кога треба да решат сериозен проблем.

Елена

Таа е духовита и срдечна, понекогаш лесноверна, но ако ја повредите, нејзиното срце останува заклучено за вас засекогаш. Значењето на името е „сончева светлина“.

Татјана

Татјана има повеќе значења од кои старогрчкото значи „организатор“, а римското „миротворна“. Таа е одлучна и храбро чекори кон своите цели.

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус ги засука ракавите и ја уреди својата оаза во природа, погледнете го нејзиното ново катче

Т.Ц.

(Фото) Саша Ковачевиќ ѝ остави јавна порака на поранешната на Инстаграм! Фаталната русокоса го прослави 33. роденден, а еве што ѝ напиша

Еспресо

Некому нова љубов, некому напредок на работа — кој е најсреќниот месец за вашиот знак во 2027 година?

К.С.

(Фото) Српската естрада денеска го слави Свети Архангел Михаил: Сармите на Брена им се омилени на сите, Чолиќ оди во црква со ќерка си, Неда го собира семејството на ручек

Еспресо

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.
Се вчитува....