15.8 C
Скопје
20:33 - 19 октомври, 2026

Тегобноста нè прави посилни: Три хороскопски знаци многу ќе плачат во декември

Астролозите именуваа три знаци на Зодијакот, кои во декември многу ќе плачат поради се што ќе им донесе судбината.

Можеби се чувствувате како универзумот да ја тестира вашата сила, но запомнете дека тешкотиите само ве прават посилни.

Близнаци

Животот не е лесна работа и не се случува секогаш онака како што ние сакаме. Време е да го разберете ова и да го прифатите, бидејќи не е секогаш можно да промените сè во ваша корист. И додека не одлучите да тргнете по патот на прифаќање, ќе мора да се соочите со одредени искушенија кои само ќе ве туркаат до дно. Декември ќе биде многу емотивен за вас, пред се на негативен начин. Но, време е да станете да се испавите и да кажете – јас можам! И вашите непријатели (кои се намножиле околу вас како демони) волшебно ќе исчезнат.

Вага

Ѕвездите ви ветуваат проблеми во личниот живот, а тоа повеќе се однесува на жените. Можете да дознаете за предавството на некој многу близок и тоа многу ќе ве вознемири. Веднаш штом ќе се открие целата вистина, ќе ја почувствувате вистинската болка дека сте  измамени и изневерени – веќе долго време. Само вие одлучувате како да постапите во оваа ситуација. Астролозите пак, советуваат храбро да ставите точка. Изнаплакајте се – и доста.

Водолија

Водолиите многу ќе плачат поради состојбата во која чувствуваат – се им се лизга и паѓа буквално  од рака. Што и да правите, работите нема да одат според планот. И во вашиот личен живот и на работа, ве чекаат проблеми, предизвикани од – за жал-  завидливи луѓе. Бидете внимателни со луѓето околу вас. Во спротивно, може да бидете сериозно повредени. Но, не очајувајте поради тоа. Тие ги немаат вашите соништа и вашите животни карти. Станете, и продолжете ја играта.

Слични објави

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо
Се вчитува....