6.8 C
Скопје
12:41 - 16 ноември, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 13 ФЕВРУАРИ: Девиците бараат нова љубов, Близнаците нижат успеси на деловно поле, а Стрелците флертуваат!

дневен хороскоп

Овен

На деловно поле, ако вашата работа е поврзана со трговија, очекувајте голем успех. Во љубовта, ако сте сингл, обрнете внимание на личноста која веќе подолго време се обидува на дискретен начин да ви ги покаже емоциите. Ако сте во врска, ќе имате проблеми во односот со саканатата личност.

Бик

Мала тензија во односот со другите луѓе. Добро би било да направите јасна дистанца помеѓу приватниот и професионалниот живот. Промените што ги направивте во изминатиот период сега ќе ви ги дадат посакуваните резултати. Но, треба да се откажете од стремежот кон совршенство. На многумина сте им пример.

Близнаци

Блескави моменти во кариерата ви претстојат во наредниот период. Затоа, не одложувајте ги обврските и посериозните задачи, бидејќи токму сега е моментот сериозно да им се посветите. Што се однесува до емотивните односи со партнерот, тука сѐ тече мазно и нема потреба да се трудите околу ништо.

Рак

Денес не сте во состојба да ги менувате работните планови. Потрошивте многу енергија и труд, па сега сакате да уживате во резултатите од сработеното. Новите контакти на деловно поле ќе ве инспирираат да бидете уште подобри во работата. Во љубовта, дозволете си мало разгалување. Имајте незаборавна вечер со партнерот.

Лав

И за вас и за саканата личност многу полесно ќе биде доколку ги споделувате плановите и желбите еден со друг. Бидете поотворени и поопуштени во врската, па тоа ќе ви донесе и поголема близина. Вашата упорност ќе ви помогне да ги надминете сите пречки што ви стојат на патот. Продолжете само напред.

Девица

На деловно поле, потребен ви е тим од соработници на кои можете да се потпрете. Во љубовта, ако сте сингл, со запознавањето на новата личност, која целосно ќе ви го окупира вниманието, заедно ќе впловите во прекрасен љубовен однос.

Вага

Конечно се справивте со проблемот и сфативте дека дипломатијата може да биде корисна. Во љубовта, на повеќето од вас ќе им биде потребна емотивна вечера за двајца. Вашиот партнер ја сака вашата магична насмевка. Совет и здравје: Одморот и сонот се неопходни по стресниот ден.

Скорпија

На деловно поле, ќе вложите многу труд за да го постигнете она што е потребно да го имате. Соработката со некој во знакот на Бик напредува. Во љубовта, емотивно еден мал флерт или излегување би требало да биде сигнал за да ги преиспитате своите чувства.

Стрелец

Денешниот ден не е поволен кога е во прашање вашиот однос со колега од работа, можно е да имате некои нови проблеми. Но, од друга страна, ве очекува интересна средба на љубовно поле. Ќе бидете шармирани од страна на една личност која се занимава со интересна професија.

Јарец

Денес ќе бидете многу зафатени. Повеќе размислувате за тоа да завршите некоја задача што е можно поскоро. На емотивно поле, старата љубов ве повикува, ве оптоварува со прашања кои сте ги надминале. Совет: Несигурноста носи фрустрација и вознемиреност. Мора да се стабилизирате најпрво во вашите мисли.

Водолија

Вие секако можете да влијаете на многу работи. Желни сте за промени. Имате чувство дека се подготвувате за голем успех. Вие сте главно такви, кога ќе ве преплави чувство за добра работа и енергија. Во љубовта, емотивно осамените, ќе ја побараат својата стара љубов.

Риби

Вие сте некој кој може да направи сѐ што е потребно за да заработи одлични пари. Емотивно имате партнер кој ве поддржува и кој е добар идеолог. Во фаза сте да морате да имате некаква љубовна врска која ве одржува стабилни. Совет: Не си внесувајте самите себеси негативна енергија.

Слични објави

Синот на Марија Шерифовиќ ја напушта Србија, пејачката му купила стан во Западен Холивуд

Еспресо

(Фото) Познатата српска милијардерка фотографирана на концертот на Цеца во Дубаи! Се криела во сепаре со сопругата на шеикот 

Еспресо

Старлета шокираше со изјава за Милан Калиниќ: „Се бакнуваше со една жена во соседството иако не беше разведен“

Еспресо

(Видео) Српската војска го забрани: Погледнете го спорниот спот на Лепа Брена, кој итно беше тргнат од ТВ!

К.С.

(Фото) Ѝ се бројат ребрата: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ шокираше со новите фотографии, станала коски и кожа

Еспресо

(Фото+Видео) Македонката Теа Ѓоргиевска блесна на Мис Универзум во традиционална носија!

Еспресо
Се вчитува....