25.8 C
Скопје
15:55 - 28 април, 2024

Позитивен хороскоп за март: Кои хороскопски знаци ќе добијат пари, кои љубов, а кои нови работни позиции

Овен
Почетокот на месецот за Овенот ќе биде многу, многу добар. Во првите денови Венера се поврзува со Јупитер, што позитивно ќе влијае на парите, љубовта, бракот/врската и секакви партнерства. Јупитер, кој владее со секторот на среќа, обезбедува спроведување на плановите.

Бик
Бикот март ќе го помине опкружен со најблиските. Може да очекуваат подарок, а ако планираат пат за странство – добивање виза или дозвола за престој, но на повидок е и запознавање со интересни странци. Исто така, во овој месец може да дојдат некои добри пари – зборуваме за првите денови до 8-9 март.

Близнаци
Во март ќе има движење кое ќе ви овозможи побрзо да ги реализирате сите ваши соништа и желби. Промените овој месец ќе бидат поврзани со работата, кариерата, парите, достигнувањата и целите. Овој месец може да донесе важна вест поврзана со работата – унапредување, префрлање на нова позиција, примање нови должности, обука, преквалификација, добивање сертификат или лиценца.

Рак
Раковите можат да заминат некаде далеку во март. На 7 март, кај Раковите ќе се активира седмата куќа, која зборува за патувања, продажба или купување автомобил, средба со роднини. И овој месец може да има учење и стекнување нови вештини – а тоа ќе биде успешно!

Лав
Во март Лавовите ќе се занимаваат со инвестиции, плаќање даноци, купување нешто вредно, на пример, имот. Сатурн ќе ги остави Лавовите без дополнителен извор на приход, ама само привремено, на пример, ако нивниот сопруг ги поддржувал, тој ќе престане да го прави тоа во март. Сепак, астрологозите прецизираат дека приходите нема да се намалуваат – ќе се појават нови извори кои ќе донесат уште повеќе.

Девица
Девиците ќе бидат забележани во март 2023 година. Тие ќе бидат во центарот на вниманието. Можеби ќе имаат многу активности поврзани со комуникации, јавно говорење, интервјуа. Сатурн по 8 март можеби нема да има добро влијание на романтичните врски, но и тоа ќе биде поволно – зашто ќе имате време да размислите и дефинирате што сакате од вашите идни партнери.

Вага
Вагата може да добие екстра пари, да победи на суд, да склучи важен договор или во првите денови од март или на датуми околу младата Месечина. До 10 март Вагите можат да бидат интервјуирани за некоја убава позиција или самите да вработат некого.

Шкорпија
Март за Скорпиите е одличен месец за започнување долгорочни проекти, потпишување договори и слично. Сатурн, кој за Скорпиите влегува во петтата куќа на хороскопот во март 2023 година, ќе донесе дополнувања во семејството или вести за бременост на блиски роднини/пријатели.

Стрелец
Март 2023 година ќе донесе промени поради две моќни планети. На почетокот на месецот, Венера и Јупитер ќе му донесат великодушност, изобилство и проширување на Стрелецот. Може да има победа во однос на старо прашање базирано на принцип, добивка на лотарија, ќе се појават мисли за проширување на семејството. Исто така во март Стрелецот може да дознае нешто многу важно што ќе му користи за унапредување во работата.

Јарец
За претставниците на овој хороскопски знак месецот ќе донесе набавка на опрема, како и настани поврзани со техничката насока. На пример, Јарците можат да одат во автошкола или да добијат возачка дозвола. Ќе патуваат многу, ќе комуницираат многу, ќе полагаат испити, ќе добиваат сертификати или лиценци и се тоа ќе го поминат со леснотија.

Водолија
Март ќе им донесе пари на Водолиите – тоа може да биде владина помош, алиментација, наследство, поделба на имотот или нешто во оваа насока. Јасност ќе се појави во оние прашања кои долго време ве загрижуваа – сега поволно ќе се решат. Партнерите на убав начин ќе ги изненадат Водолиите.

Риби
Во март ќе биде актуелна темата за личните граници и бракот. На пример, Рибите ќе мора да го бранат своето мислење, да ги решаваат проблемите со својот значаен другар и ќе успеат во тоа. На повидок е промена на животната средина па и принова.

Слични објави

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо

(Фото) Драгана Мирковиќ е минато за Тони, еве како се забавува

еспресо

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

еспресо

(Фото) Прва проба на Теја Дора на Евровизија: Вака ќе изгледа сценскиот настап на српската претставничка

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо

Кармичка лекција: Два хороскопски знаци за неколку дена ќе се сретнат со бившите

еспресо
Се вчитува....