21.8 C
Скопје
11:54 - 29 април, 2024

Погледнете ја вечерва Супермесечината и замислете си желба: Како ќе делува на хороскопските знаци?

Ова е третата Супермесечина во годината, има четири по ред во пролетта и летото 2022 година, сите што треба да се видат на летното небо. А оваа се вика еленска супермесечина/

Името доаѓа од традицијата на домородните Американци бидејќи новите рогови на елените обично се појавуваат во јули. Другото име е Полна месечина на грмотевици, поради нивната зачестеност во овој период.

Во порамнувањето на Сонцето, Земјата и Месечината, Месечината изгледа поголема и посветла од вообичаеното. Затоа се нарекува Супермесечина. Следната е на 12 август, познат како есетра.

Во 20 часот и 38 минути Месечината ќе биде полна, околу девет часа по нејзиното поминување низ перигејот, односно на минималното растојание од Земјата: 357.263 km од нас, наспроти просечно растојание од нешто повеќе од 384.000 km. Ќе биде малку поблиску, посветла и малку поголема од вообичаеното. Спектаклот на полната месечина е максимален кога изгрева.

Суеверието вели дека на ваква супермесечина замислените желби се исполнуваат.

Но како е според астрологијата? Како ќе делува на хороскопските знаци?

Овен
Полната месечина ќе ја активира вашата 10-та куќа на достигнувања, признанија, кариера и углед. Можеби неодамна сте добиле унапредување или сте завршиле некој голем проект на работа. Можеби сте подготвени дури и да се откажете од работата што ја извршувате долго време. Со поддршка на Плутон, оваа полна месечина може да ве натера да размислите за сè што е потребно за да дојдете до оваа точка – Вредеше ли? Ако сте заглавени на токсично работно место, сега е совршено време да размислите каде сакате да бидете за шест месеци и да започнете да се движите во таа насока. Затоа поминете малку време размислувајќи за вашата кариера и вашата моментална работа. Направете листа на добрите и лошите страни. Направете Дневник од белешки за вашите колеги и истражете ги емоциите што ви паѓаат на ум.

Бик
Полната месечина се манифестира психолошки за вас,  бидејќи ја осветлува вашата деветта куќа на поглед на светот, високо образование, патување и духовност. Можеби размислувате за повеќе потешки теми кои се случуваат на светската сцена, а тоа би можело да предизвика драматична промена во вашата лична перспектива. Моќно време е да размислите за штетните влијание врз вас, идологиите, верувањата…Во овој период ви треба ментална експанзија. Нема подобар начин од тоа да се посветите на учење нешто ново. Земете книга што сакате да ја прочитате или пријавете се на курс што ве интересира.

Близнаци
Полната месечина се движи низ вашата осма куќа на вознемиреност, страв и трансформација. Сега е време да работите на проблемите кои не се решени. Ова е наполнето и исцрпувачко лутање, но емоциите што ги буди служат како моќен потсетник дека можете да си ја вратите моќта кога сакате – само треба да изберете сами. Ова е длабоко време за вас и треба да се вклучите во терапевтска работа. Без разлика дали станува збор за работа „еден на еден“ со терапевт или ангажирање во индивидулна активност, сега е вистинско време да се погиржите да заздравите.

Рак
Полната месечина „слетува“ во вашата седма куќа на партнерства и договори, што го прави добро усогласено време за справување со каква било нездрава динамика на односите во вашиот живот. Ова е време да се постават граници и да се ослободат оние односи кои се повеќе исцрпувачки. Во овој период вежбајте да кажувате „не“. Не мора да биде тоа драматично, но фокусирајте се на малите нешта. Ако вашиот партнер или некој ваш близок секогаш бара а ретко дава, може да го задржите правото да кажете „не“. Ова ќе ви помогне да ги изградите (и одржувате) вашите граници во врските.

Лав
Полната месечина ја активира вашата шеста куќа на работа, рутина и здравје. Оваа полна Месечина може да ве натера да размислите за енергијата што ја вложувате во вашата работа или проекти и дали навистина вреди. Дали запаѓате во состојба на самоодрекување и ја ставате работата на прво место? Ова е усогласено време да се каже „не“, да се постават граници или да се прекине лошата навика. Вие заслужувате простор и одмор. Затоа резервирајте масажа, акупунктура или некој друг третман за релаксација. Ако тоа во моментов не е можно, одвојте малку време да се одморите. Бегајте од работа, дури и поставете тајмер кој ќе ве потсетува на секој час да ги истегнете нозете и да прошетате кратко.

Девица
Оваа полна месечина се движи низ вашата петта куќа на креативноста, радоста, задоволството и романтиката. Иако ова може да звучи ветувачко, мешањето на Плутон со Месечината може да ве натера да се фокусирате повеќе на вашите борби во овие области отколку на вашите победи. Дали чувствувате дека вашата креативност е блокирана? Дали ви е тешко да ги интегрирате радоста и задоволството во вашите денови? Поминувањето време со вашето внатрешно дете може да доведе до некои одговори. Затоа, обидете се да медитирате, да разговарате со детето во себе, зашто овие разговори може да бидат неверојатно лековити во овој период. Обидете се да ја прашате помладата верзија од себе што ќе ви донесе најмногу радост. Дури и ако одговорот изгледа заматен, како сликање со прсти или цртање во песок на плажа, слушајте и следете ги советите.

Вага
Семејната драма е „на готовс“ под влијание на оваа полна месечина бидејќи ја активира вашата четврта куќа, куќата на домот.  Со вклученоста на Плутон, веројатно ќе има некои тајни или стари проблеми од минатото кои ќе излезат на површина. Можеби препознавате шаблон кај вашите родители што конечно сте го сфатиле. Ова може да биде исцелувачко време за семејството се додека сте спремни да бидете искрени и сочувствителни и да се соочите со сенките. Вежбајте да си простувате себеси. Пред да можеме да им простиме на другите, мора да си простиме себеси. Ако има нешто што ви тежело на душата, седнете и потсетете се дека сте човек, а луѓето грешат, затоа простете си и продолжете понатаму!

Шкорпија
Моќни вести или информации би можеле да го потресат вашиот свет во овој период. Оваа полна месечина „слетува“ во вашата трета куќа на комуникација, лично изразување и ум. Благодарение на вклученоста на Плутон, веста што ќе ја добиете најверојатно ќе биде од тајна природа, што може да доведе до драстична промена во вашето размислување. Можеби конечно ќе препознаете токсична динамика или ќе се чувствувате подготвени да направите промена во однос на нездравите врски во вашиот живот. Затоа повторно преиспитајте се, нурнете длабоко во себе и откријте што навистина добивте од овие актуелни врски, а колку – можеби – сте изгубиле додека сте во нив.

Стрелец
Полната месечина ќе се движи низ вашиот втор дом на приходи, ресурси и материјални добра. Сметајте го ова за можност да ја истражите вашата врска со недостатокот на финансии и долгови. Каде ви оди премногу тешко кога се во прашање вашите пари? Дали вашиот страв навлегува во начинот на кој живеете? Уживате ли воопшто во животот? Полната месечина исто така ќе ви сигнализира дека е време за големи транзиции и промени, па можеби ќе добиете унапредување, покачување на платата или нова можност за работа. СЛободно потрошете  пари на нешто што отсекогаш сте го сакале и испратете благодарност до универзумот што имате ресурси за да го направите тоа. Ова ќе ја размрда вашата врска со парите и може да предизвикате привлекување на изобилство (пари) во блиска иднина.

Јарец
Време е да започнете повторно, време е за нови почетоци воопшто – ова е вашата сезона за нов почеток. Нешто за што сте работеле можеби конечно ќе се реализира, но тешко е да не размислувате за товарот што го носевте за да стигнете овде. Темните страни на вашиот идентитет влегуваат во игра, затоа обидете пред се да останете во склад со себе и вашите потреби. Нуркате во емотивните длабочини на вашата психа и го отстранувате она што повеќе не треба да го носите. Вашиот товар наскоро ќе се олесни. Напишете си писмо во кои си објаснувате (сами на себе) кои цели или амбиции сте ги постигнале? На тој начин ќе добите детали за вашиот иден живот и ќе се насочите кон вистинските нови цели.

Водолија
Дали бевте малку престроги со себе? Оваа полна месечина може да изнуди период на осаменост ако веќе сте „прегореле“. Потребен е одмор и опоравување. Кога Месечината и Плутон ќе ја активираат вашата потсвест, може повторно да се појават скриени спомени од минатото, за да можете да ги обработите, да си простите и најпосле да се ослободите од минатите сенки. Не дозволувајте вашите ограничувачки верувања да ве надвладаат. Сега е време за трансформација, па не е лошо да се вклучите во духовни практики за да добиете поддршка на пато на таа лична трансформација. Земете слободен ден, кажете им „не“ на другите и вклучете се во каква било духовна пракса што ве утешува и смирува. Низ вас се движат многу чувства, затоа бидете присутни во самите себе- слушнете ги вашите потреби, признајте си ги грешките и оставете ги да поминат.

Риби

Можеби имате некои моќни емотивни врски, но можеби се прашувате дали вредат. Луѓето од вашата социјална сфера може да ве изненадат или дури и да ви остават лош вкус во душата. Ако почнувате да мислите дека некој ве искористува, спојт на Плутон со Месечината е тука за да ви помогне да поставите граници и да ги прекинете врските со луѓе кои не ви мислат баш најдобро или пак, не ги исполнуваат вашите потреби. Обидете се со повторување на некои афирмации, вратете си го оптимизмот и самодовербата, зашто вие вредите многу повеќе отколку што мислите!  Кои надежи и соништа за вашата иднина сакате да ги внесете во опипливиот свет? Наведете ги во сегашноста како да се веќе пристигнати. Правете го тоа секој ден, дури и пред огледало, за да додадете уште повеќе магија на позитивните ставови.

Слични објави

Астропрогноза за понеделник, 29 април: Скорпиите да внимаваат на парите, Овенот да започне врска

еспресо

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо

Кармичка лекција: Два хороскопски знаци за неколку дена ќе се сретнат со бившите

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо
Се вчитува....