29.1 C
Скопје
17:48 - 9 јули, 2026

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (18. до 24.април): Љубов за Раковите, нервоза за Близнаците, нови можности за Биковите…

Оваа недела планетата Венера во знакот Риби ќе им донесе љубовни проблеми на Девиците и не само на нив… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: чекајќи го Јупитер 

Оваа недела можете да сметате на убава поволна месечина во вторник, среда, сабота и недела. Добри вести би можеле да пристигнат, особено на работното место. Наскоро влегувањето на Јупитер во вашиот знак ќе ви овозможи да реализирате проект кој ви е при срце. Уште малку напнатост во семејството во четврток и петок, кога ќе се чувствувате особено нервозни.

Бик: нови можности!

Оваа недела можете да сметате на поддршката на Меркур и влегувањето на Сонцето во вашиот знак: сигурно ќе има нови можности, особено на полето на работа. Некои од вас би можеле да имаат среќна средба, особено можна во четврток и петок, кога дури и месечината ќе ви се насмевне. Венера во поволна положба го штити вашиот љубовен живот.

Близнаци: нервоза

Оваа недела за жал ќе треба да ја издржите Месечината во опозиција во вторник и среда, што ќе ве направи особено нервозни. Може да настанат тензии во вашиот љубовен живот и поради неповолната положба на Венера. И Марс неодамна зазеде позиција неповолна за вашиот знак и може да се чувствувате поуморни од вообичаено…Не преземајте крупни чекори, не е време за нови проекти.

Рак: Ѕвездите се на ваша страна!

Небото е на ваша страна! Оваа недела можете да сметате на поддршката од Јупитер, Венера, Марс и Меркур, сите подредени за да ви приредат убави изненадувања и за чувствата и на професионален план. Љубовта цвета: паровите кои неодамна ја надминале кризата ќе можат да се чувствуваат повљубени од кога било! Единствената мана во неделата: Месечината во опозиција во малку нервозните денови четврток и петок.

Лав: тензија во канцеларија

Оваа недела можеби ќе почувствувате некоја поголема напнатост во канцеларија: Меркур во неповолна положба не ја олеснува комуникацијата со шефовите и колегите. Внимание и на деновите сабота и недела, кога Месечината во опозиција може да донесе некакво нетрпение со партнерот или во семејството. Наместо тоа, искористете ги деновите вторник и среда, кога на ваша страна ќе имате прекрасна среќна Месечина.

Девица: бидете трпеливи!

За жал во овој период се наоѓате пред тројната опозиција на Венера, Марс и Јупитер. Оваа астрална ситуација ве става под голем притисок, внесувајќи тензија во вашиот живот, физички и ментален замор и грешки во правењето планови за иднината. Бидете трпеливи и не донесувајте избрзани одлуки: во месец мај ќе ја вратите енергијата и ќе можете да ги направите вистинските избори за вас.

Вага: преодна фаза 

Сонцето оваа недела доаѓа во опозиција со вашиот знак, но за среќа нема да донесе лоши вести: тоа ќе биде преодна фаза во која е важно да ги решите отворените прашања. Почнувајќи од мај, всушност, кога и планетата Јупитер ќе влезе во опозиција, ќе биде покомплицирано да ги добиете одговорите што ги сакате. Среќна Месечина во вторник, среда, сабота и недела.

Скорпија: проблеми на работата 

Вашата недела започнува со убава Месечина во понеделник, кога ќе се чувствувате полни со енергија. Ако љубовта цвета – тоа е благодарение на убавата Венера, но не може да се каже истото за вашата професионална ситуација: спротивставувањето на планетата Меркур носи забавувања и блокирања, па дури и проблеми на работното место. Ќе мора да почекате уште неколку недели пред да ги добиете резултатите за кои работите.

Стрелец: каков умор!

Оваа недела планетата Венера во неповолна положба внесува уште малку тензии во вашиот љубовен живот. За да побарате дијалог со партнерот, треба да се фокусирате на деновите вторник и среда, кога убавата Месечина ќе ги ослободи тензиите. Од друга страна, деновите сабота и недела се нервозни, во кои би можело да настане некаква кавга во семејството. Неповолниот Марс прави да се чувствувате поуморни од вообичаено!

Јарец: одлично!

Оваа недела ѕвездите ви се смешкаат! Венера во поволна положба внесува љубов и страст во вашиот живот, додека Јупитер и Меркур во знакот Риби ви обезбедуваат среќа на работното место. Денови на добри вести се четврток и петок, кога можете да сметате и на поддршката од Месечината. Доколку имате барање, преземете чекор најдоцна до месец мај, зашто потоа Јупитер ќе изврши неповолен транзит за вашиот знак.

Водолија: кочница на работа

Оваа недела неповолниот транзит на Меркур во знакот Бик може да донесе одредено забавување во вашиот професионален живот. Доколку сте упатиле некакви барања, ќе мора да го почекате месецот мај и влегувањето на Јупитер во знакот Овен за да ги добиете посакуваните резултати. Во меѓувреме, уживајте во супер-романтична Месечина во сабота и недела, која ќе ви донесе многу жешки моменти!

Риби: големи емоции!

Продолжува периодот на големи емоции за вас! Исто така оваа недела ќе можете да сметате на поддршката од Венера, Марс и Јупитер, подготвени да ви дадат многу повеќе среќа и на сентименталното и на работното поле. Во четврток и петок може да пристигнат добри вести кои долго време ги чекавте! За слободните, вистинскиот маж/жена би можел да биде зад аголот… не пропуштајте ниту една прилика и верувајте му на вашиот непогрешлив инстинкт!

Слични објави

Вук Моб откри дека со години месечари: Искршил клавир, па поставил камери за да открие што прави додека спие

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивни операции за замена на аортна валвула со користење на десен трансаксиларен пристап

Еспресо

Возачот осомничен за смртта на братот на Дарко Лазиќ пуштен од притвор: Познати нови детали од истрагата

Еспресо

„Цела година не сум земала ниту едно евро“: Драгана Мирковиќ откри дека поради хуманитарните концерти останала без заработка

Еспресо

„Се надевам дека следниот пат ќе си ја најдам колата на дрво“: Весна Петрушевска повторно се пошегува на своја сметка по нов инцидент со колата

Еспресо

(Фото) Драма во домот на Лепа Брена – пејачката и нејзинот син Виктор барале помош, нуделе и награда

Еспресо
Се вчитува....