1.8 C
Скопје
21:03 - 17 декември, 2024

КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈДОБРИ ТАТКОВЦИ: Лавовите се пример за децата, Раковите – „дечари“, Водолиите – хаотични татковци…

Тато е најдобриот: ова е сигурно фразата што сите татковци сакаат да ја слушнат од своето дете. Некои деца целото слободно време го поминуваат со таткото, и толку се врзани со него до тој степен што кога ќе бидат запрашани што сакаат да прават кога ќе пораснат, тие велат: „Тоа што прави тато“.

Татковата фигура, и за момчињата и за девојчињата, го рефлектира најголемиот херој. Тато е секогаш тука кога им треба помош, утеха, уверување и храброст. Но сепак, некои татковци се „поголеми“ татковци од другите, барем според астрологијата.

Еве кои хороскопски знаци се најнадарени да бидат одлични татковци!

Јарец

Татковците родени во знакот Јарец се неверојатно добро-организирани и се сметаат за вистински семејни менаџери. Тие секогаш имаат сè под контрола и се грижат за целата семејна програма. Одлично ги менаџираат и координираат деловните и семејните обврски. Во секое време им се достапни на своите деца, колку и да се зафатени! Практични се, преземаат веднаш иницијатива, веднаш ги решаваат проблемчињата на нивните дечиња.

Водолија

Тоа се креативни татковци со кои на децата никогаш не им е здодевно, полни се со идеи и постојано расположени за креативни игри со децата. Забавни се и од мали нозе им ги пренесуваат своите уметнички таленти на децата.

Рак

Татковците родени во знакот Рак се многу добри и нежни со своите деца, чувствителни и сочувствителни со нив, со голема емпатија кон децата, попустливи, но многу трпеливи. Сакаат да си играат со децата, и во текот на целиот живот – стојат цврсто зад нив.

Лав

Татковците Лавови се меѓу најдобрите татковци. Тие се пример за нивните деца. Можат да бидат строги, но подеднакво – и многу дарежливи. Кога си играат со децата – сами се претвораат во деца. Децата се горди и воодушевени од своите татковци – Лавови.

Девица

Татковците Девици се доверливи, знаат да бидат најдобри пријатели на своите деца и добро ќе ги чуваат нивните тајни. Секогаш се расположени да учат со децата, да им ги проверат домашните задачи. Никогаш не бараат невозможни нешта од децата, и никогаш не ги ставаат под притисок. Сакаат да се шегуваат со децата, презабавни се! И одлични организатори се на детските активности.

Вага

Татковците Ваги се многу приврзани за децата, имаат голема фантазија, сакаат да им помагаат на своите деца, сакаат секогаш да бидат до нив – и навистина се секогаш тука кога е најпотребно. Инаку, совршени се за делење совети, а децата внимателно ги слушаат и прашуваат за совет.

Шкорпија

Татковците Шкорпии можат да бидат сериозни, строги и незаинтересирани за игра. Но затоа нив ги спасува љубопитноста која ја споделуваат со децата. Со голема веројатност, Шкорпиите ќе сакаат да знаат се за своите деца и за тоа што им се случува, а често им се мешаат во животот. Запомнете, на децата им се потребни и тајните и сопствен личен простор.

Стрелец

Познато е дека Стрелците сакаат забава и авантура, но тие се и крајно несериозни и потполно не сакаат да бидат приврзани за ништо. Ако не ви пречи неизвесноста и можноста да го спакуваат својот куфер преку ноќ, се разбира заедно со децата, тогаш ова се одлични татковци. Меѓутоа, кога се во затворен простор, тие можат да станат немирни и раздразливи.

Јарец

Овој татко е полн со одлучност, понекогаш дури и прекумерна. Јарците се првите татковци што ги запишале своите деца на различни курсеви и им ги планираат нивните активности. Најмногу од се, тие сакаат нивните деца да учат. Јарецот навистина ги сака децата, но има тенденција да ги разгалува и да биде премногу горд на нивните достигнувања.

Водолија

Водолијата маршира во ритамот на својата музика што создава проблеми за децата, кои во принцип треба да живеат според некаков распоред. Иако овој знак ги поддржува креативните напори на децата и нивните уметнички потфати, Водолијата не ја разбира потребата за ред и почитување на распоредот.

Риби

Татковците Риби се карактеризираат со емоционалност, сочувство, уметност и великодушност. Нивниот единствен недостаток е способноста да се фокусирате на една работа долго време, но и да им се налутат понекогаш на децата или да ги искараат (кога е потребно). Уште една маана им е тоа што знаат ненадејно да се повлечат и растажат без потреба, но децата овие родители едноставно ги обожаваат!

Слични објави

(Фото) Јубилеен 60. роденден: Маријана и Росана прославија на различни континенти!

Еспресо

(Фото) Погледнете како изгледа синот на Зорица Брунцлик: Првото дете го родила на само 18 години, а пред Кемиша ги бакнувала овие познати музичари!

Еспресо

Саша Ковачевиќ со секси мускули: Поради тоа како изгледа во новите спотови, никој не ни обрнува внимание на песните

Еспресо

Милица Тодоровиќ ги откри мрачните тајни на шоу-бизнисот: На естрадата не се знае кој повеќе се дрогира

Еспресо

Мина Костиќ откри: Би била среќна повторно да станам мајка

Еспресо

Јелена Карлеуша донира милионска сума за градот Крагуевац: Тоа е мојот новогодишен подарок

Еспресо
Се вчитува....