14.8 C
Скопје
12:43 - 18 октомври, 2026

Љубов, здравје и работа: Дневен хороскоп за 28-ми декември!

ОВЕН

Работа: Денешниот работен состанок може да ја одлучи вашата иднина на моменталното работно место. Бидете подготвени за промени.

Љубов: Денеска ќе одлучите отворено да пријдете на една млада личност која го привлекува вашето внимание.

Здравје: Добро.

БИК

Работа: Ако чувствувате дека некои ситуации на работа не се решени, време е да им се посветите. Денеска е одличен ден за тоа.

Љубов: Вашите високи очекувања повторно ве донесоа до разочарувања.

Здравје: Проблеми со штитната жлезда.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Работната ситуација се повеќе ви се комплицира, но нејзиното разрешување е денеска на вас. Размислувајте однапред при носењето одлуки.

Љубов: Со саканата личност градите романтична врска.

Здравје: Можна вртоглавица.

РАК

Работа: Не се посветувајте на остварување на нови планови додека не ги решите старите проблеми. Доколку премногу се залетате, ќе ве чекаат нови проблеми.

Љубов: Денеска ќе имате интересен разговор со личност со која имате чуден однос.

Здравје: Проблеми со несоница.

ЛАВ

Работа: Работната ситуација ви е нејасна и самите не сте сигурни во врска со многу работи. Посветете се на решавање на своите дилеми.

Љубов: Не покажувате интерес за личност која упорно се обидува да ви се приближи.

Здравје: Ве мачат хронични проблеми.

ДЕВИЦА

Работа: Се што денеска ќе направите ќе има долгорочни последици по вашата работа. Дајте се од себе, за подоцна да не се каете.

Љубов: Не ги исполнувате очекувањата на саканата личност, и она е се понезадоволна.

Здравје: Вкочанети сте, ќе ви годи масажа.

ВАГА

Работа: Ќе дојде до промена во вашиот колектив кои се закануваат да ја загрозат вашата позиција. Се двоумите околу тоа како да се поставите.

Љубов: Не сте свесни колку вашите постапки влијаат на саканата личност и нејзините емоции кон вас.

Здравје: Чувствителна кичма.

ШКОРПИЈА

Работа: Денешниот ден е поволен за почнување на нови проекти, остварувањето на нова соработка и носење на пресудни одлуки.

Љубов: Окупирани сте со интересна авантура која ви се нуди.

Здравје: Нема проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Пред вас е позитивен ден без пречки и стрес по прашањето на работата. Знаете дека вашата ситуација е потполно стабилна.

Љубов: Јасно ви е дека сегашната врска никаде не ве води. Размислувате дека најдобриот начин е да прекинете.

Здравје: Избегнувајте ги пороците.

ЈАРЕЦ

Работа: Денеска е поволен ден за смена на работата или започнување на работен однос за оние кои бараат работа. Бидете позитивни.

Љубов: Ве очекува почеток на врска со личност родена во знакот Бик која потполно ви одговора.

Здравје: Добро.

ВОДОЛИЈА

Работа: Пред вас е ден со повеќе обврски од обично, што неверојатно ве оптоварува. Подгответе се за ден со стрес.

Љубов: Ќе дојде до интересно познанство кое многу ветува со личност поврзана со вашата работа.

Здравје: Не се чувствувате добро.

РИБИ

Работа: Денеска ќе имате среќа околу се што ќе пробате на работа. Вие сте многу позитивни и расположени.

Љубов: Имате среќа на љубовно поле. Личноста која ви се допаѓа, конечно, почнува да возвраќа.

Здравје: Се препорачува спортување.

Слични објави

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.
Се вчитува....