-2.2 C
Скопје
07:38 - 23 декември, 2024

КЕЛТСКИ ХОРОСКОП: Откријте кое животно сте и што кажува тоа за вас?

Келстскиот хороскоп вклучува повеќе системи на знаци, кои  откриваат најразлични карактеристики за припадници на знаците.

Во продолжение откријте кое животно сте според келтскиот хороскоп:

ЕЛЕН (24 декември – 20 јануари)

Еленот е симбол на идеали и аспирации. Ако започнувате нов проект, Еленот мора да биде дел од вашиот тим. Трпелив е и секогаш цели кон триумф. Нивниот интегритет е и нивен заштитен знак.

МАЧКА (21 јануари – 17 февруари)

Нивниот ум е бистар и брз и лесно носат правилни одлуки. Се одликуваат и со голема ментална сила, а во исто време се лесно допадливи и не им треба многу време за да ви прираснат за срце.

ЗМИЈА (18 февруари – 17 март)

Љубопитни се и секогаш сакаат да истражат што се случува околу нив. Сакаат да комуницираат и често ќе ги видите како организатори на средби и групни активности. Во исто време се и спонтани, но и доста непредвидливи.

ЛИСИЦА (18 март – 14 април)

Лисиците се одликуваат со брилијантна смисла за хумор, интелигенција и проникливост. Талентирани се за раскажување приказни и шеги, енергични се и храбри, а како пријатели се многу лојални.

КРАВА (15 април – 12 мај)

Ним можете да им се обратите кога ви е потребно рамо за плачење или само искрено мислење или совет. Лесно можат да забележат лажго уште оддалеку, интуитивни се и многу емотивни, а често и тврдоглави.

МОРСКО КОЊЧЕ (13 мај – 9 јуни)

Доколку имате проблем со парите, токму оваа личност ви е потребна за да ви помогне да ги средите финансиите. Нивниот ум е остар, но и многу подложен на влијанија. Нив не можете да не ги сакате, а тоа им годи.

ВРАПЧЕ (10 јуни – 7 јули)

Тие се природно талентирани да се грижат за другите и да ги смируваат кога се вознемирени. Умеат да бидат стабилни и при најсилни бури и под силен притисок. Сакаат нивниот живот секогаш да е балансиран, но и уживаат во самотничкото патување.

КОЊ (8 јули – 4 август)

Моќен знак кој сака да се натпреварува, самоуверен е и не се плаши да ги покаже своите таленти. Има развиено шесто сетило за бизнис и професионални успеси, а исто така и ги цени авторитетите, но успешно се снаоѓа и на лидерски позиции.

ЛОСОС (5 август – 1 септември)

Ним им е потребна вода, за да можат да добијат визја и инспирација. Многу се интуитивни и имаат уникатен поглед на светот. Имаат и природен талент за уметност, но многу често им е потребно да бидат изолирани, за да го извлечат максимумот од себе.

ЛЕБЕД (2 септември – 29 септември)

Нивната духовност е особено истакната кога се со луѓе кои ги сметаат еднакви на себе. Но, тоа не ги прави дискриминирачки настроени, иако имаат високи стандарди кога треба да изберат луѓе со кои се дружат. Многу се организирани и сè прават со вкус и стил.

ПЕПЕРУТКА (30 септември – 27 октомври)

Секогаш расположени, насмеани и комуникативни, невозможно е да не ги сакате. Умеат да ве насмеат, а нивното расположение е заразно. Ги краси и исклучителна емпатија, а нивниот млад дух никогаш не умира.

ВОЛК (28 октомври – 24 ноември)

Волците се храбри, но ретко прават компромиси. Сепак, тоа не ги спречува да бидат хероите кои ги сакате покрај себе. Полни се со енергија и можат да ви бидат идеални пријатели, сè додека сте подготвени да бидете лојални на нивната кауза.

СОКОЛ (25 ноември – 23 декември)

Кога ќе видат нешто што посакуваат, тие се спремни да вложат дури и натприродни сили за да го добијат. Но, длабоко во себе се вистински филантропи кои се многу мудри и сакаат да го споделат своето знаење со пријателите.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....