12.8 C
Скопје
07:05 - 16 април, 2024

Хороскоп за 19 август, среда – Среда е среќен ден, но не за сите

Овен

Ако сте во врска, ќе почувствувате силна искра помеѓу вас и саканиот, а доколку сте сами, можно е на повидок личност која се вклопува во вашите стандарди за идеален љубовен партнер. Исто така, креативноста се буди во вас, па ќе бидете инспирирани да го разубавувате вашето опкружување преку интересни проекти.

Бик

Многу сте симпатични, но и наивни, но вашиот брз ум никогаш не пропушта ниту еден детаљ. Обожавате да анализирате сè!  Обидете се да бидете малку поотворени кон луѓето околу вас. Не мора да бидете совршени за другите да ве сакаат. Бидете она што сте. Очекувајте романтичен завршеток на денот.

Близнаци

Денес ќе уживате да работите во тишина. Ова е совршен ден за задачи поврзани со пресметки, анализи, документација и организација. Ќе имате остар ум, па ништо нема да може да ви се протне низ прсти. Сѐ ќе држите под контрола. Не заборавајте да одделите време за организирање на просторот во вашиот дом.

Рак

Не заборавајте ги жените во вашиот живот. Нема да погрешите ако поминете голем дел од времето со личности од понежниот пол. Ќе соберете сила да затворите одредено поглавје од вашиот живот кое ве исполнувало со негативни емоции. Некои Ракови ќе одлучат да ѝ дозволат на мрзеливоста да ги надвладее.

Лав

Ќе копнеете да бидете опкружени со нови лица, па ќе се насочите кон активности кои ќе ви донесат нови познанства. Со вашите мудри зборови ќе привлекувате внимание каде и да се појавите. Нема да можете да ја поднесете осаменоста и ќе испланирате повеќе средби со пријатели. Одличен ден за да се вклучите во голема забава.

Девица

Некои ќе го преферираат дружењето онлајн. Очекувајте зближување со љубовен или бизнис партнер. Оние кои не се во врска ќе им даваат шанса само на додворувачите кои веднаш ќе покажат дека се стремат кон стабилна врска. Ќе ви биде зголемено либидото, па не се изненадувајте ако не сакате да се разделите од саканиот.

Вага

Обидете се да пронајдете забава каде и да се наоѓате. Многу е важно да научите брзо да се прилагодувате на најразлични услови. Денешните планови можат да бидат променети, поради недоразбирања, недоволни или непотполни информации, заблуди и слично, во секој случај многу мотиви за разочарувања, но со причина.

Скорпија

Залудни ќе ви бидат очекувањата од некаква помош од некого на кого сметате, но тоа се ваши очекувања и фантазии. Ако допуштите да бидете повредени поради тоа, денот ќе го поминете песимистички расположени со тенденција таквото расположение да се префрли и на утрешниот ден. Потрудете се тоа да не ви влијае.

Стрелец

Вниманието, но и несогласувањата, главно ќе доаѓаат од партнерот, или од вашето опкружување, но и поради некои активности, купувања или престој во јавноста, на јавни места. Почетокот и крајот на денот можат да бидат понервозни од вообичаено, особено утрото, кога поради некакви свои заблуди ќе бидете разочарани.

Јарец

Вашата енергија е насочена кон кариерата, а сѐ друго ќе туркате во втор план. Веројатно заборавивте на ветувањето дека ќе му се посветите на партнерот, односно на  семејството. Би можеле да се разочарате доколку и понатаму премногу очекувате од луѓето кои онака, лаконски ветуваат некои работи.

Водолија

Имате доволно енергија за да ги средите деталите кои ве мачеа во последно време. Партнерот можеби не е во позиција да ви помогне, но тоа нема ни да ви биде важно. Храброќе се впуштате во новите проекти. Кај вас ќе се создаде самодоверба за да го направите првиот чекор во освојувањето на работите.

Риби

Во наредните денови ќе размислувате за уредување или купување на нов дом, а за среќа, ќе добиете парична помош.Ако партнерот е подложен на надворешни влијанија, можете да изберете еден од двата правци: или да му дадете причина да се чувствувате подобро или пак да го оставите сам да се справи со сѐ.

Слични објави

(Фото) Се соблече славната Касандра, фановите побудалеа: „Браво, ваква жена сакам!“

еспресо

Полни срца: Три хороскопски знаци ќе имаат среќа во љубовта до крајот на април

jasmina.kantardzieva

(Фото) „Јас се женам, сите се твои!“: Сергеј Трифуновиќ објави фотографијa со татко си и 23 години помладата свршеница

Еспресо

(Видео) „Она кога Саша Поповиќ ќе те вози!“: Постапката на креативниот директор на „Гранд“ предизвика лавина коментари

Еспресо

Се огласи сопругата на Џенан Лончаревиќ по веста за разводот: „Сака да ме исфрли од домот, купи стан за љубовницата“

Еспресо

(Фото) „Прекрасен викенд“: Роберт Билбилов и Лејла Рамковска уживаа во Грција

Еспресо
Се вчитува....