23.8 C
Скопје
19:25 - 29 април, 2024

Економијата се надева на „брзите прсти“ на пратениците

Новиот Парламент ќе мора да ја заврши заостанатата работа на старото заседание и да усвои повеќе предлози и измени на закони. Шестмесечното неработење, ги стави на почек десеттици закони од областа на труд и социјала, економија, финансии, транспорт и земјоделство. Треба да се донесе и нов закон за намалување на казните за разни прекршочни дела. Додека траеше вонредната состојба, а бидејќи не функционираше Парламентот, Владата ги решаваше проблемите со уредби за законска сила, па затоа е многу битно да се озакони стартот на образовниот процес, да се  реши и статусот на ризичните групи, кои се речиси 6 месеци дома…

Дел од пратениците веќе ги навестија своите први потези. Димитар Апасиев од Левица, ќе иницира регулација на банките, од аспект на наплатата на провизиите.

„Во соседна Србија, судовите веќе почнаа да носат пресуди во полза на граѓаните/фирмите, а против банките – затоа што наплаќањето на разноразните измислени провизии, членарини и трошоци добија третман на стекнување без основ (правно неосновано збогатување). Ова, со ваша помош, ќе го направиме реалност и во Македонија“, објави пратеникот на својот профил на Фејсбук, а претходно Левица соопшти дека ќе иницира голема реформа на банкарскиот сектор.,

Компаниите, пак изминатите два и пол месеци, се жалат на нарушената ликвидност, бидејќи новиот пакет мерки може да се очекува дури во септември, по формирањето на новата влада. Сепак разговите со стопанските комори траат тековно и се разгледуваат следните мерки за поддршка. Во 4-тиот пакет мерки, фирмите очекуваат продолжување на помошта за исплата на 14.500 денари по вработен, а платежни картички од 3.000 и 9.000 денари, треба да има и за пасивните невработени и пензионерите со примања до 15.000 денари. Сето ова исто така треба да помине низ рацете на новите пратеници, со надеж дека ќе имаат слух за предложените мерки.

Новите институции ги чека и Општиот колективен договор, кој требаше да биде биде потпишан по изборите. Сојузот на синдикатите на Македонија, пак во наредниот период без оглед на тоа кој ќе формира Влада, нема да отстапи од барањето за нов Закон за работни односи, кој треба да ги содржи европските и светските тенденции во работно правните односи. Нивните барања, кои треба да ги одобри Парламентот се договори за вработување на определено време и со траење до 1 година, 38 часовна работна недела, породилно отсуство во траење од 12 месеци, целосно остварување на правото на годишен одмор, сабота и недела да бидат денови на неделен одмор, унапредување на здравите и безбедни услови за работа во компаниите.

The post Економијата се надева на „брзите прсти“ на пратениците appeared first on Слободен печат.


Економијата се надева на „брзите прсти“ на пратениците was first posted on август 19, 2020 at 8:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....