18.8 C
Скопје
16:34 - 13 март, 2026

Хороскоп за 17 јануари 2020: Девицата да обрне внимание на соништата

Овен

Работа: Не треба да го повишувате тонот во односот со соработниците, туку да пронајдете ново компромисно решение.

Љубов: Доколку партнерот нема разбирање за вашите потреби, немојте да дозволите помеѓу вас да се создаде „емотивен ѕид“.

Здравје: Во вечерните часови ќе ви годи одмор и релаксација.

Бик

Работа: Кај себе го поттикнувате љубопитниот дух и креативното расположение. Важно е своите идеи да ги пласирате на вистинско место.

Љубов: Умеете да ги остварите своите емотивни намери. Партнерот ви удоволува на различни начини, додека вие задоволно се смеете.

Здравје: Се наоѓате во прекрасна форма.

Близнаци

Работа: Некој не ги разбира вашите идеи и тоа негативно се одразува на нивото на успех во деловно – финансиската соработка.

Љубов: Поставувате големи барања пред саканата личност. Направете емотивна дистанца и преиспитајте ја својата врска низ различни аспекти.

Здравје: Ќе ви годи прошетка и психофизичка релаксација.

Рак

Работа: Стилот кој го применувате влијае врз околината на различни начини, но сите ви даваат до знаење дека се наоѓате на чекор до успехот.

Љубов: Вашата намера е да освоите нечија наклонетост. Сепак, Вие тоа го правите со голема доза на претерување.

Здравје: Дозволете си подобри услови за одмор.

Лав

Работа: Многу работи пробувате да ги завршите самостојно и во склоп со личните интереси. Сепак, Ви недостасува објективна проценка.

Љубов: Немојте да и давате излитени или големи ветувања на саканата личност. Постои можност одеднаш да го промените мислењето.

Здравје: Важно е да остварите психолошка рамнотежа.

Девица

Работа: Затрупани сте со различни обврски и тоа негативно се одразува на Вашата концетрација, чувствувате мал замор.

Љубов: Важно е да делувате убедливо пред саканата личност. Некој одеднаш Ви поставува двосмислени прашања.

Здравје: Ќе Ви годат повеќе часа добар сон, обрнете внимание на соништата.

Вага

Работа: Од Вас се очекуваат разумни или ефикасни решенија. Новите настани прифатете ги со оптимистички стил и преземете одговорност.

Љубов: Планирате романтична средба или некоја омилена забава. Важно е да преземете иницијатива и да имате добра идеја.

Здравје: Обрнете внимание на правилната исхрана.

Скорпија

Работа: Немојте да ризикувате со работи кои не ги познавате добро. Важно е да го почитувате основниот деловен договор.

Љубов: Имате силен интуитивен впечаток дека нечии ветувања не се искрени. Се грижите поради нечии двосмислени пораки и однесување.

Здравје: Ќе ви годат повеќе часа сон.

Стрелец

Работа: Постојат различни недоразбирања во деловните преговори, што Ви дава за право да инсистирате на своите цели и докажување на вистината.

Љубов:На средба со саканата личност делувате напнато, бидејќи многу работи одеднаш се надвор од Вашата волја или строга контрола.

Здравје: Немојте да се оптеретувате со непотребни сомнежи.

Јарец

Работа: Вложувате голем напор, но на крајот не оставате позитивен впечаток на одредени соработници. Понекогаш треба да се помирите со половични резултати.

Љубов: Нема причина да го прикриете своето нерасположение пред личноста која добро ги познава Вашите доблести и маани.

Здравје: Слободното време посветете го релаксирано.

Водолија

Работа: Делувате привлечно и шармантно на околината, но тоа не претставува доволна гаранција за деловен успех.

Љубов: Ве привлекува комбинација на емотивна, стравствена и интелектуална врска, но личноста со која сте во врска има недостаток од една од карактеристикиве.

Здравје: Друштвените ангажмани делуваат позитивно на Вашата ментална рамнотежа.

Риби

Работа: Имате добра проценка за различните можности на деловната сцена и умеете да делувате сугестивно на околината.

Љубов: Добро сте расположени, нема причина да ги избегнувате „љубовните сигнали“. Дозволете си на себе некоја омилена забава.

Здравје: Се наоѓате во прекрасна психофизичка фаза.

Слични објави

Хороскоп за 13 март: Раковите ги очекува нова работа, Скорпиите ќе ги откријат новите идеи на партнерот

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

Какви се хороскопските знаци под чаршафите? Кој е најиздржлив, а кој глуми оргазам?

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо
Се вчитува....