15.8 C
Скопје
21:49 - 2 мај, 2024

Дневен хороскоп за 8 декември: Една Вага од минатото ќе ви ги разбранува емоциите

Овен
Другите луѓе ве доживуваат како голем мудрец, а вие не сте свесни за тоа. Денес, многумина ќе ве прашуваат за совет. Полето на страсти е многу силно, но морате да бидете опуштени и суптилни во своите намери кон една личност.

Бик
Во раните часови ќе се чувствувате лошо и нерасположено, но инспирацијата ќе ви се врати во текот на денот. Ве очекува продуктивен ден. Во суштина сте личност која многу добро забележува одредени ситуации. Сепак, денес можни се манипулации кои нема да ги прифатите.

Близнаци
Немојте да сте летаргични. Потрудете се да ги завршите обврските и потоа да уживате. Се чувствувате многу добро во друштво на една личност, но морате да се впуштите во авантура. Одете на стоматолог.

Рак
Немате обзир за нечии чувства бидејќи немате посебна почит кон таа личност. Сепак, не им го трошете времето. Паднат ви е имунитетот. Зголемете ја физичката активност.

Лав
Не сакате само кампањски да и пристапите на работата, туку сакате да сте доследни на себе. Тоа ќе ви одземе повеќе време, но ќе ви овозможи почит кај надредените.

Девица
Имате големи издатоци кои се врзани со понатамошното инвестирање во нови проекти. Пробајте на време да се подготвите за поголеми предизвици на полето на емоции. Можни се болки во стомакот.

Вага
Бидете посветени денеска и следните денови, а потоа ве очекува голем успех. Премногу сте статични во односот кон една личност и постојано ја разочарувате. Водите тивка борба со насмевка на лицето. Една Вага од минатото ќе ви ги разбранува емоциите.

Скорпија
Денес ќе водите битка која некогаш одамна е изгубена. Сепак, прифатете го поразот и продолжете напред. Некој ќе ве поттикне да се впуштите во силна љубовна врска, без оглед на ситуацијата на која сте навикнати.

Стрелец
Отсекогаш сте сакале посилна позиција и не сте биле лош лидер. Сепак, потребно е да бидете забележани од некоја личност за да успеете. Здравјето ви е чувствително. Спијте повеќе.

Јарец
Не заборавајте дека самотијата не е добра за никого, а најмалку за вас. Некоја личност ќе се појави, добро би било да и дадете шанса. Уморни сте и под стрес.

Водолија
Доколку се занимавате со приватен бизнис не очајувајте поради лошите околности. Останете истрајни. Излегувајте и повеќе дружете се. Ќе уживате во друштвото на една Риба.

Риби
Сакате да ги држите ситниците под контрола кога станува збор за работата. Не е лоша идеја дополнително да се ангажирате за работи кои сте ги пропуштиле претходно. Имате одлични аспекти на полето на емоции.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....