5.8 C
Скопје
07:23 - 26 април, 2024

„Нетфликс“ нема да ја означи „Круна“ како измислена приказна

Instagram

Четвртата сезона од серијата „Круна“ предизвика најмногу реакции досега. Односот помеѓу принцезата Дијана и принцот Чарлс е во прв план на новата сезона.

Британскиот министер за култура Оливер Доуден побара од „Нетфликс“ да вметне известување за гледачите – на почетокот на секоја епизода од серијата „Круна“ (The Crown), дека станува збор за измислена приказна, затоа што, според него, помладите гледачи можеби ќе помислат дека тоа се факти.

Instagram
Instagram

Ова уследи по стравувањата дека серијата може да направи долгорочна штета на угледот на британското кралско семејство. А, и братот на починатата принцеза Дијана, лорд Чарлс Спенсер, за Ај-ти-ви минатата недела изјави дека е потребно да се стави таква назнака. „Нетфликс“ нема навика да ги предупредува гледачите дека сериите и филмовите што ги прикажува се фикции.

Министерот за британското списание „Мејл он сандеј“ изјави дека тоа е несомнено „многу убаво произведено фиктивно дело, како и сите други продукции на Нетфликс“, но дека стрим-платформата треба јасно да посочи пред емитувањето на секоја епизода дека станува збор за измислени настани.

Се плашам дека без такво предупредување, генерации гледачи што не живееја во времето на гореспоменатите настани, може да ја заменат фикцијата со реалноста и да ја перципираат како факти, како вистина – рекол Доуден. Министерот додал дека официјално ќе прати писмо до „Нетфликс“ со оваа молба.

Instagram
Instagram

Најлошо поминал принцот Чарлс

Некои историчари го критикуваат предлогот на Доуден како непотребен, а некои критичари предупредуваат дека некои ситуации се прикажани мошне погрешно.

Ова особено се однесува на односот помеѓу поранешната премиерка Маргарет Тачер и кралицата Елизабета. Критичарите велат дека судирите меѓу двете дами во серијата се малку претерани и дека не биле баш во таа мера. Она за што сите се согласуваат е дека принцот Чарлс најлошо поминал во четвртата сезона каде што се открива неговата афера со Камила Паркер-Боулс, која ја почнале додека Чарлс сè уште бил на слобода и ја продолжил за време на бракот со принцезата Дијана. Принцот Чарлс не бил среќен кога видел како авторите на серијата го прикажале, изјавиле негови блиски луѓе за британските медиуми.

Instagram
Instagram

Актуелната сезона полна со интриги

Новата, четврта сезона на серијата „Круна“, која почна да се емитува на „Нетфликс“ кон средината на ноември, го прикажува бурниот период од владеењето на кралицата Елизабета Втора. Актуелната сезона го следи почетокот на романсата и конечниот крах на бракот помеѓу принцот Чарлс и Дијана, принцезата од Велс, и продолжувањето на љубовната врска на принцот со Камила Паркер-Боулс за време на бракот со леди Ди.

Меѓу другите важни случувања се и владеењето на тогашната британска премиерка Маргарет Тачер, проблемите со менталното здравје на сестрата на кралицата, принцезата Маргарет, булимијата на Дијана, како и односите на кралицата со нејзиниот сопруг, принцот Филип и нивните деца.
Неколку кралски биографи и новинари претходно ја критикуваа серијата поради отстапување од фактите, иако нејзиниот автор Питер Морган никогаш не ни тврдеше дека тие се целосно точни.

Некои медиуми го цитираат Нетфликс, кој наводно, е уверен дека гледачите знаат дека серијата е лабаво заснована на вистински настани.

Ние секогаш ја претставувавме „Круната“ како драма и имаме целосна доверба дека нашите претплатници разбираат дека тоа е дело на фикција што е во голема мера заснована на историски настани. Како резултат на тоа, ние не планираме – и не гледаме потреба – да додадеме било какво одрекување на одговорност.“, одговорил стриминг-гигантот цитиран од британските медиуми.

Слични објави

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо
Се вчитува....