07:40 - 29 јануари, 2026

Дали знаете кои се вашите среќни броеви? Хороскопот ќе ви открие…

Секој знак има одредени броеви кои му се најсреќни. Откријте го вашиот во продолжение.

Без разлика кои сте, сигурно имате среќен број. Можеби тоа е бројот на вашиот стан од детството, некои цифри од стариот телефонски број, или пак толку случаен број што не ни знаете од каде потекнува. Секој од хороскопските знаци поседува уникатни вештини и квалитети во разни аспекти од животот. Покрај тоа, секој знак има одредени броеви кои му се најсреќни. Откријте го вашиот во продолжение.

Овен

Храбрите Овни сакаат да водат и секогаш да бидат зафатени. Нивни најсреќни броеви се 6, 18, 41, 77 и 83.

Бик

Тврдоглавоста на Биковите понекогаш може да им предизвика чудни ситуации. Нивни најсреќни броеви се 5, 35, 50, 57 и 82.

Близнаци

Близнаците се познати како социјални личности, па вистински проблем им е кога се осамени или кога се заглавени во рутина. Нивни најсреќни броеви се 1, 10, 18, 35 и 86.

Рак

Ракот е воден од неговите емоции. Тој е сентиментален, со променливо расположение и чувствителен. Негови најсреќни броеви се 1, 21, 24, 58 и 66.

Лав

Лавот е роден да биде лидер и често презема контрола над ситуацијата. Но, ова лидерство може да се манифестира и како ароганција. Неговите најсреќни броеви се 6, 24, 39, 59 и 83.

Девица

Девицата премногу ги критикува нејзините и постапките на другите. Понекогаш заглавува во ситните детали од животот. Нејзини најсреќни броеви се 16, 29, 79, 80 и 90.

Вага

Вагата сака да го одржува мирот и е голем фан на дипломатијата. Но, ако не внимава може да им дозволи на проблемите да се размножат. Нејзини среќни броеви се 7, 20, 55, 77 и 86.

Скорпија

Скорпијата е искрена кон другите, па го очекува истото за возврат. Нејзини среќни броеви се 27, 29, 45, 53 и 89.

Стрелец

Љубопитноста, енергијата и слободата ги водат Стрелците низ животот, па не тие сакаат да бидат врзани од некој друг. Нивни среќни броеви се 6, 16, 23, 60 и 81.

Јарец

Јарецот е навистина одговорен и има голема самоконтрола, но тешко простува кога некој ќе му згреши. Неговите среќни броеви се 3, 21, 66, 83 и 84.

Водолија

Водолијата почесто ќе размислува за проблемот наместо да ги покаже емоциите предизвикани од него. Нејзините најсреќни броеви се 17, 40, 46, 61 и 76.

Риби

Рибите се пријателски настроени, но ова им претставува проблем бидејќи премногу им веруваат на другите и често се повредувани од најблиските. Нивни најсреќни броеви се 8, 10, 27, 56 и 69.

Слични објави

Дневен хороскоп за 28 јануари: Идеален ден за организација

apostolova

Хороскоп за 27 јануари: Раковите наоѓаат внатрешна сигурност, Водолиите прават чекор што долго го одложувале

Еспресо

Хороскоп за 26 јануари: Вагите си враќаат мир, Скорпиите носат важна одлука во тишина

Еспресо

Хороскоп за 25 јануари: Биковите ја наоѓаат внатрешната сигурност, Стрелците добиваат поттик за нов чекор

Еспресо

Хороскоп за 24 јануари: Овните ќе имаат идеален ден за романса, Лавовите ќе започнат големи проекти

Еспресо

Дневен хороскоп за 23 јануари: Одличен ден за нови проекти и идеи

apostolova
Се вчитува....