7.8 C
Скопје
05:36 - 29 април, 2024

Астро прогноза за понеделник, 31 октомври

Овен

Сте заборавиле на себе и на својата моќ што ја имате кога сакате. Некако дозволивте другите да управуваат со вас. Тоа не е вистински Овен. Добриот однос во врската ќе донесе напреден љубовен однос во партнерството. Вие сте некој кој по секоја цена сака да биде во добра заедница, пример за другите. Пад на имунитетот поради прекумерна работа.

Бик
Потребен ви е ментален одмор, во спротивно ќе ги изгубите нервите со пријателите и колегите. Не реагирајте пребрзо. Самокритичноста ќе ви помогне да си ја подобрите финансиската состојба. Ако некој ви ги крши љубовните принципи, кажете му збогум. Не се губете себеси. Долго време вие сте иницијаторот во врската и секогаш правите компромис.

Близнаци

Парите ви доаѓаат преку една Водолија. Задоволни сте со овој деловен однос. Водолијата ќе ве унапреди. На емотивно поле, запознавањето со личност од знакот Риби ќе ви ги разбуди сетилата. Ако се среќавате со Овен, тогаш веројатно ќе бидете напнати. Здравје: Ќе имате проблем со грлото.

Рак

Секојдневните обврски ќе ви одат тешко, бавно со ограничувања, со застои, нешто поради вашата денешна инертност, нешто поради инертноста на другите. Денес, како работите да ви лизнуваат од рака. Како да не можете ништо да постигнете. Згора на се, ќе имате мали проблеми и со саканата личност. Ситни расправии кои ќе ве нервираат.

Лав
Денес животот ќе ве фрли пред проблем кој ќе бара големи жртви од вас. Можно е да треба да се откажете од сегашниот начин на живот или целосно да се промените како личност за да го решите. Сепак, промените наместо да ве налутат или натажат, ќе ви дадат невообичаено чувство на внатрешно растење.

Девица
Денес ќе надминете голем предизвик, но во ниту еден момент нема да сметате на туѓата помош. Ќе пуштате и орлови нокти ако е потребно, за да стигнете со сопствен напор до својата цел. Независно кој стои спроти вас денес, зборувајте од срце. Искреноста ќе ви донесе големи придобивки, ќе бидете наградени.

Вага
Денес вие ќе го водите тимот. Нема да се плашите да ги преземате и најтешките и најризични задачи, кои никој не сака ниту да ги погледне, па постојано ќе бидете понапред од другите. Не го штедете своето знаење само за себе. Никој не може да ви го земе она што веќе го имате. Целиот ваш труд ќе биде награден.

Скорпија
Засекогаш ќе се откажете од една штетна навика, и ќе бидете истрајни во тоа. Ова е ден кога решителноста ќе ви донесе прекрасни промени во начинот на живот. Оние кои се во врска, ќе соберат храброст да започнат разговор на деликатна тема со саканата личност. На крајот ќе почувствувате огромно олеснување.

Стрелец
Исправете ја главата и не дозволувајте никој да гази по вашата гордост. Денес многу ќе жалите доколку им дозволите на луѓето да носат одлуки кои се спротивни на вашите интереси. Опкружете се со најблиските пријатели вечерва. Тие ќе бидат најсигурното прибежиште за вас во моментите на слабости и сомнежи.

Јарец
Денес ќе имате посебна желба да ги влошувате уште повеќе проблемите. Размислете два пати пред нешто да кажете. Не го мешајте професионалниот совет од колегите со критика. На љубовен план премногу ќе се браните, па може да почувствувате заладување на односите. Оптимизмот ќе ви донесе нови успешни контакти.

Водолија
Престанете да ја гледате својата ранливост како слабост, бидејќи токму таа ви го дава шармот со кој често ја покорувате околината. Денес не се плашете да покажете што чувствувате. Можно е да почувствувате силна хемија со личност која до неодамна била само ваш пријател. Верувајте дека компромисот нè прави подобри личности.

Риби
Не се изолирајте од блиските. Концентрирајте се на работата, ви недостасува мотивација. Премногу им верувате на луѓето од финансиски аспект, поправете го тоа. Балансирате меѓу работата и пријателите и не се сомневајте во своите можности. Можно е да повредите партнерот денес, затоа подгответе се за разговори и дискусии.

Слични објави

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо

Кармичка лекција: Два хороскопски знаци за неколку дена ќе се сретнат со бившите

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо

Среќлии во љубовта: Два хороскопски знаци ќе доживеат возвишена љубов во мај

еспресо
Се вчитува....