03:07 - 2 ноември, 2026

ХОРОСКОП: Жените родени во овие знаци подобро се сложуваат со машките пријатели

пријатели

Овен

Жената Oвен не комплицира, не е чувствителна, а долгиот шопинг во никој случај не и е омилено хоби. Затоа одлично се снаоѓа и се чувствува во машко друштво, бидејќи има чувство дека по одредени карактеристики е поблиска со мажите. Најдобро се чувствува меѓу машките пријатели, бидејќи навистина може да биде таква каква што е, без да се адаптира. Свесна е и дека на мажите им е полесно да чуваат тајна, бидејќи на сè гледаат поинаку и обично не се во искушение да шират доверливи информации. Таа поминува многу време со својата најдобра пријателка, а не ја интересира премногу тоа што луѓето мислат дека блиското пријателство меѓу жена и маж не е возможно.

НАЈМОЌНИ ВО ЗОДИЈАКОТ: Што им дава сила на овие 4 знаци?

Стрелец

За жената родена во знакот Стрелец, пријателството со спротивниот пол има многу предности, што е нејзина инспирација, особено кога работите не одат во насока на нејзините желби. Таа е многу добро свесна дека пријателката на нејзините проблеми ќе гледа поинаку, па затоа машката перспектива во нејзиниот живот е повеќе од добредојдена. Таа секогаш верува во пријателство меѓу маж и жена. Пријателските односи со мажите вклучуваат вредности како што се меѓусебно почитување, конструктивен разговор, забава и сè што му е потребно на разигран Стрелец за да ја задржи насмевката на лицето. Дружењето со мажи ѝ причинува поголемо задоволство, бидејќи со нив може поопуштено да се забавува затоа што не се толку чувствителни.

Најголемите опсесии на хороскопските знаци: Девицата сака совршен ред, а Вагата рамнотежа

Водолија

Основата на пријателството со мажите за жената родена во знакот Водолија е меѓусебното почитување и чувството дека може да има доверба во некого. Не ѝ треба сожалување и бришење на солзите, но кога е во неволја ѝ треба искрен, директен совет и нова отскочна даска, која полесно ја добива од машки пријател. Бидејќи е многу мудра и одговорна, таа знае како да ја одвои личната интимност од пријателството. Дружењето со мажи ја возбудува бидејќи се појавуваат два различни света и погледи, што ѝ носи дополнителна широчина.

НАЈЉУБОМОРНИ ЗНАЦИ ВО ЗОДИЈАКОТ: Дали сте меѓу нив?

Лав

На лавицата, која си е самодоволна е убедена дека пријателскиот однос меѓу маж и жена не е само опција, туку потреба што го збогатува нејзиниот живот. Во машко друштво добива поинаков поглед, а знае како да се поврзе со нивните енергии. Бидејќи е ентузијаст во техничката област, комуникацијата со мажите не ѝ е проблем. Постојаната размена на длабоки емоции и драма околу ситниците може да ја измори, бидејќи нема енергија да ги слуша негативните мисли кои најчесто ги избегнуваат машките пријатели. Затоа ѝ се подобри пријатели од жените.

ЉУБОВНА МАГИЈА: Како да ги освоите и да им бидете совршен партнер на секој од хороскопските знаци

извор: „elle“

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....