Овен
Ќе бидете малку нервозни поради големиот обем на обврски кои ве очекуваат следната седмица, но ќе се трудите да одржите коректен однос со соработниците. Ако вложите малку труд, работната атмосфера ќе биде сосема добра. Сакате вашата сакана личност повеќе да се труди околу вас и да ви ја покаже силата на љубовта.
Бик
Денеска ќе ви се чини дека сте згрешиле во многу работи, ќе мислите дека некои ваши потези биле избрзани. Обидете се да не подлегнете на ова лошо расположение, особено затоа што тоа ќе трае само во утринските часови. Остатокот од денот ќе ви донесе посветли мисли и подобро расположение.
Близнаци
Нерасположението во првиот дел од денот брзо ќе се надмине и пред вас се прилично убави моменти како во деловниот, така и во емотивниот сегмент. Расположението ќе ви биде заразно. Во вашиот ум е личност што ја запознавте неодамна, веројатно преку деловниот сегмент.
Рак
Ќе имате поинаков однос кон луѓето со кои работите. Колегите ќе забележат промена кај вас. Вашиот став ќе биде во насока на тоа секој да го прави она за што е платен. Емотивно – добар ден за излегување и дружење.
Лав
Краткорочно вознемирување поради некои критики од претпоставените. Ако тоа е потсетник за работа што сè уште не сте ја завршиле, контактирајте со колегите – тие се подготвени да ви помогнат. Ќе уживате во движење, дружење со пријателите или прошетка и излегување со партнерот.
Девица
Имате многу работи за вас уште од почетокот на денот. Промените во деловниот сегмент се случуваат токму во насока на која се надевавте. Многу често на памет ви поминува личност со која имате разлика во години. Многу сте заинтересирани за поинтимен контакт.
Вага
Одлично сте расположени, а настаните во деловното опкружување одат во ваша корист. Денеска многу работи ќе ви одат во корист, обидете се да ги искористите можностите кои ви се појавуваат. Доколку сакате поинтензивно да иницирате комуникација со личноста која ве интересира, сега е вистинскиот момент.
Скорпија
Не сте сигурни како да продолжите во некои ситуации во професионалниот живот. Ќе добиете некаков облик на одобрување, или најава дека ќе ви биде одобрено тоа што го сакате, но сепак малку се двоумите и калкулирате. Врската со емотивниот партнер е исполнета со страсни моменти.
Стрелец
За да избегнете непријатна ситуација денес, ќе мора да бидете малку повнимателни. Ќе се отворат добри можности за договор со деловен партнер или соработник од кој очекувате многу. Партнерот ќе ве изнервира со неговиот притисок за некои прашања, но вие ќе се обидете правилно да се поставите.
Јарец
Без оглед на договорот што сакате да го направите денес, го добивате само она што го гледате како ветувања. Нема шанси некоја од тие приказни навистина да се оствари. Бидете трпеливи и истрајте уште. Една личност се обидува да ве анимира и да ве придвижи кон посилна приказна, но вие моментално избегнувате поотворена комуникација со неа.
Водолија
Нетрпеливоста денес не ви е од корист, особено ако брзате за некои прашања во утринските часови. Подобро е да се посветите на своите должности кога ќе имате повеќе време. Во вас се разбудиле силни страсти и цел ден ќе размислувате за средбата со личноста која ве привлекува.
Риби
Имате доста интересен ден пред вас. Голем број на контакти, средби, договори – можно е во одреден момент да не знаете што сте му кажале или ветиле кому. Сепак, вашето расположение воопшто не е лошо, што ќе се покаже во односот со саканата личност. Исто така – можности за флертување.