-4.2 C
Скопје
01:09 - 25 ноември, 2024

ГОДИШЕН СЕКС ХОРОСКОП: Каков сексуален живот го очекува секој хороскопски знак во 2022

Овен

Најголем полет и среќа може да очекувате помеѓу мај и октомври. Јупитер накратко ќе престојува во вашиот знак и овој аспект ви дава предност. За тоа време навистина можете да го реализирате вашиот сексуален потенцијал. Вашиот владетел Марс оди во Близнаци во октомври и се движи ретроградно, што може да значи дека малку ќе забавите во тој период. Сепак, до есен имате сосема доволно време да ја подигнете сексуалната енергија.

Бик

Венера ќе се движи ретроградно на почетокот на годината. Ова нема да биде време за слободните да најдат нови партнери. Но, дефинитивно е периодот кога можете детално да размислите што навистина сакате од врската и сексуалниот живот. На почетокот на годината можете да стекнете подлабоко увид во вашата сексуалност. Многу работи се кријат во потсвеста. Нурнете подлабоко и полесно ќе се отворите сексуално во текот на годината.

Близнаци

Првата половина од годината може да биде малку побавна за вашиот разигран и голем апетит. Но, на 22 јуни Венера влегува во вашиот знак, која ќе внесе повеќе енергија, страст и љубов во вашиот сексуален живот. На есен, сепак, благодарение на ретроградниот Марс во Близнаци, ќе имате можност да размислите и да навлезете подлабоко во сопствената сексуалност и сексуална енергија.

Рак

Следната година носи добра енергија во вашето поле на сексуалност. Ќе поминете многу време во тишина и учење на нови вештини, што секако ќе влијае на вашето искуство со сексуалноста, кое нема да биде досадно. Највозбудливите месеци за вас ќе бидат во текот на летото – јули и август.

АСТРО КАЛЕНДАР: Какви астролошки настани нè очекуваат во февруари? Месец исполнет со љубов и фантазија

Лав

Пролетта 2022 година ќе биде вашиот полет. Поточно, од 6 март па натаму, бидејќи тогаш Марс ќе го загрее вашиот партнерски дел, а за неколку недели ќе се појави Венера. Затоа, немојте да бидете изненадени од зголемениот сексуален апетит. Искористете го максимумот од вашиот оган и оставете ја вашата сексуална енергија да гори!

Девица

Девиците ќе доживеат сексуално ослободување веднаш по новата година кое нема да има застој до мај. Ова е време кога ќе имате можност да процветате во сексуалната сфера. Можете да внесете повеќе забава и лесна енергија во неа, што позитивно ќе влијае на животот на целиот партнер. Можете да си поставите и некои конкретни цели на ова поле, бидејќи плановите обично ви помагаат да напредувате.

Вага

Марс и Венера ќе влезат во вашата сексуална област на почетокот на март. Венера ќе ви донесе радост, забава и хумор. Но, сето тоа можете да го продлабочите на сексуално поле и да се отворите за нови димензии на сексуалноста за кои не сте сонувале. Така, третиот месец од годината може да биде многу возбудлив за вашиот сексуален живот.

Скорпија

Скорпијата се смета за најинтензивен знак со постојан и интензивен апетит за секс. За среќа, доаѓа добра година за вашиот сексуален живот. Можни се позитивни настани во текот на летото, околу 5 јули, како и од јануари до мај и од октомври до декември. Уживајте во страстите како што знаете само вие.

ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ФЕВРУАРИ 2022: Нè очекува прекрасен тек на енергија по Ретроградниот Меркур

Стрелец

Годината ја започнавме со зголема страст. Најбавниот период, сепак, може да биде во есента, околу октомври, кога Марс ќе биде ретрограден. Нема ништо лошо кога е „сушен период“. Но, можеби во 2022 година ќе го продлабочите своето знаење и ќе научите да ја користите вашата сексуална енергија за да работи за вас. Можеби е време да читате на оваа тема.

Јарец

Нешто посебно може да се случи на полето на сексуалноста во неделите по 24 јануари. Тогаш ќе бидете во оптимална состојба кога Марс ќе влезе во вашиот знак. Разубавете го крајот на зимата со топлината што можете да ја создадете со партнерот преку сексуалноста. Не плашете се од ранливости и емоции.

Водолија

Оваа година Сатурн може малку да ја забави вашата забава. Марс, сепак, на 6 март ќе ја сретне Венера во вашиот знак, што може да биде пресвртница во вашиот сексуален живот. Можеби околу тој датум ќе дојдете до нова фаза на развој во вашиот сексуален живот.

Риби

На Рибите им претстои прекрасна 2022 година, бидејќи во вашиот знак доаѓа Јупитер. Нека небото биде вашата граница оваа година. Остварете ги вашите најлуди соништа. Ова особено ќе се почувствува околу 12 април. Одвојте слободен ден само за вашиот партнер и почестете се со ден од соништата во кревет.

СЕЗОНА НА ВОДОЛИЈА: Овие три хороскопски знаци ќе имаат среќа, ќе ја спознаат слободата и ќе рушат граници!

Слични објави

(Фото) Чизми од 2.000 евра: Џорџина Родргиез покажа дека има пари, но дали има и стил?

Еспресо

(Фото) Вака изгледала Мелина некогаш: Таа имала 21, а Харис 51 година, без ниту една естетска корекција!

Еспресо

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо
Се вчитува....