24.8 C
Скопје
01:43 - 23 август, 2026

ПРЕД 15 ГОДИНИ УКРАЛА АРТЕФАКТИ ОД ПОМПЕЈА: Канаѓанката денес моли да ги врати бидејќи и донеле многу несреќи во животот!

Една Канаѓанка која украла неколку артефакти од античкиот град Помпеја пред 15 години,  решила да ги врати затоа што биле „проколнати“.

Жена по име Никол испратила пакет со две парчиња мозаик, фрагменти од амфора и парче керамика до една туристичка агенција во град на југот на Италија, и приложила писмо во кое признава што сторила.

Никол имала дваесетина години кога го посетила Археолошкиот парк на Помпеја во 2005 година каде и ја извршила кражбата на артефактите кои ги враќа по цели 15 години бидејќи според неа ѝ донеле многу несреќни моменти во животот.

Фото: Профимедиа

– Те молам земи ги, тие носат несреќа – напишала Никол во писмото објаснувајќи дека кога ги земала само сакала да има парче историја „што го немал никој друг“, но по нејзиното верување се покажало дека дека артефактите се „полни со негативна енергија“.

По ерупцијата на планината Везув во 79 година н.е., античкиот град останал закопан под вулканска пепел, сè до 16 век кога бил откриен.

Никол во писмото напишала дека научила лекција и се молела на Бога да ѝ прости.

– Сега имам 36 години и двапати имав рак на дојка, а вториот пат и двете гради ми беа ампутирани. Моето семејство имаше финансиски потешкотии. Ние сме добри луѓе и не сакам проклетството да им се пренесе на моите деца – напишала таа.

Никол не е единствената што се покајала. Пар од Канада испратил пакет и писмо со украдени камења од локалитетот, исто така во 2005 година.

– Го зедовме без да размислиме за болката и страдањето што ги доживеаја овие сиромашни луѓе за време на ерупцијата на Везув и нивната смрт. Извинете и ве молам простете ни за таа голема грешка. Нека почиваат во мир – напиша парот.

Една од жртвите на Везув во Помпеја / Фото: Профимедиа

Со текот на годините, многу украдени артефакти биле вратени по што е и основан музеј во археолошкиот парк во кој истите се изложени. Туристите обично крадат предмети со цел да ги зачуваат како сувенир, но се случувало и да ги продаваат преку Интернет.

Слични објави

(Фото) Џина Џиновиќ ужива на Миконос на јахтата од 10 милиони евра на новиот сопруг на Мелина

Еспресо

Напорни тренинзи, одрекувања, дисциплина – Натали Портман имала сурови подготовки за улогата во „Црниот лебед“ која ѝ донесе Оскар

Т.Ц.

„Сите се на твојата листа. А ти?“ – Марина Петровска, велнес-советничка, зборува за грижата за себе која не е привилегија, туку неопходност

Еспресо

(Фото+видео) Јаков Јозиновиќ објави фотографии од летувањето: „Најдобар одмор досега, со пријатели“

Еспресо

(Фото) Рушка Јакиќ го покажа своето лице без шминка во деветтата деценија од животот

E.A.

Ќерката на Гоца Тржан, Лена Маринковиќ го оперираше носот?

apostolova
Се вчитува....