8.8 C
Скопје
13:32 - 22 декември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4 ДЕКЕМВРИ: Време е подобро да се организирате

дневен хороскоп

Овен

Фокусирајте се на активности кои бараат постојана динамика. Родените во втората декада од овој знак би можеле да имаат проблем во врската. Посетете лекар доколку имате и мали проблеми. Оние што се во брак или во врска може да очекуваат краток излет кој ќе ја направи врската уште поромантична.

Бик

Преиспитајте ја својата ранливост. Немојте да се обидувате да изглумите дека сте нешто што не сте. Имајте на ум дека можете да бидете тоа што навистина сте. Доколку планирате да излезете заедно со вашето друштво обидете се добро да си поминете, но внимавајте да не направите некоја непосакувана сцена со која ќе го привлечете вниманието на другите.

Близнаци

Ова е ваш ден и немојте да дозволите никому да ви го уништи. Многу е важно целосно да се фокусирате на она што сакате да го постигнете. Немојте толку многу да губите време на размислување како да стигнете до тоа. Само започнете. Битна е појдовната точка.

Рак

Отворете се и покажете ја вашата чувствителна страна. Колку повеќе ќе бидете подготвени да
ги споделите со другите вашите чувства, толку и другите ќе ги споделат своите чувства со Вас.
Разумот и чувствата ви се урамнотежени и тоа треба да го искористите како предност.
Проширете ги своите гледишта и искористете го на начин рационално да им пристапите на
своите емоции.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (30 НОЕМВРИ – 5 ДЕКЕМВРИ): Мали расправии и голема љубов

Лав

Можно е денеска да имате непредвидливи случувања. Доколку ви се случува подолг временски
да одложувате одредени работи, денеска е совршен ден за да го направите тоа. Гледајте широко и што е најважно верувајте во себе. Одржувајте го својот авантуристички дух, но секогаш бидете приземјени. Ова е единствениот начин да се заштитите себеси од непосакувани и непријатни ситуации.

Девица

Поседувате огромна способност да почувствувате што се случува под површината на секоја ситуација со која се соочувате. Можеби ќе треба да проверите дали личноста на која сметате е
на ваша страна. Немојте толку многу да ги критикувате другите бидејќи, може да си создадете
непријатели.

Вага

Сакате ситни озборувања за кои мислите дека се безопасни. Меѓутоа, не сте ни свесни колку можат тие озборувања да ја повредат личноста која е тема на вашите разговори. Ако веќе сакате да ѝ кажете нешто на таа личност, направете го тоа пред неа. Во денешно време чувствата можат многу лесно да се повредат, а покрај тоа, луѓето инстинктивно знаат кога некој зборува лошо за нив. На љубовно поле обидете се да ги држите работите под контрола.

Скорпија

Кога се во прашање одлуките за денес, направете го она што е најдобро за вас. Немојте да имате грижа на совест доколку мора да заршите некоја работа денеска. Направете го тоа затоа што сакате да го направите, а не затоа што се чувствувате должни кон некого. Ваша единствена должност сте вие самите.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – ДЕКЕМВРИ 2021: Како ќе ја завршите старата година?

Стрелец

Денес е денот кога треба малку да си го одморите телото и духот од неодамнешните активности. Обратете внимание на дталите на кои не внимававте додека се забавувате. Имајте доверба и слушајте ја својата интуиција иако е спротивна од тоа што е пред вас.

Јарец

Ова е идеален ден за вас, бидејќи умот ви е бистар и емоциите стабилни. Искористете ја оваа моќна комбинација за да ги зголемите своите желби и можности и покажете ја својата емотивна страна на другите. Токму денеска е денот кога можете да си остварите некоја ваша одамна неисполнета цел. Обидете се.

Водолија

Искористете ја вашата внатрешна енергија. Направете листа на приоритети. Време е подобро да се организирате. Посебно обрнете внимание на деталите поврзани со некој проект што го работите, и имајте трпение. Фокусирајте се. Забавете го лудачкото темпо и пронајдете време да уживате во убавите работи.

Риби

Ќе успеете да ги усогласите сите аспекти од вашиот живот. Сите работи ќе ви се одвиваат како што посакувате и токму по оној ред по кој очекувате. Бидете сигурни и самоуверени. Повеќе од кога било, ќе изнаоѓате решение за секоја ситуација. Вашата неверојатна моќ за перцепирање ќе ви помогне да согледате одредени работи кои многумина не успеале ниту да ги забележат.

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....