-1.2 C
Скопје
05:55 - 19 декември, 2024

Дневен хороскоп за 27 август: Трпение спасение

хороскоп

Овен

Претераната самодоверба која денес ја чувствувате, може многу да ве исцрпи бидејќи понекогаш
непотребно давате сѐ од себе, всушност, многу повеќе од тоа што можете да си го дозволите. Верувањето во некои блиски лица ќе ви создаде проблеми, внимавајте на кого му се доверувате. Љубомората лесно се активира. Денес ќе имате прилив на пари.

Бик

Хармоничните околности на работа не се само последица на тоа дека „sвездите се наместиле како што треба“, туку вие во претходниот период дадовте сѐ од себе да го направите тоа да функционира вака сега. И со партнерот денес сè ви оди како подмачкано. Расположението може само да ви се расипе поради некое патување или документација поврзана со него.

Близнаци

Има денови кога нештата едноставно не функционираат како што треба, без разлика колку и да се трудите. Овие не се големи работи, туку ситници, но доволно да се оптоварувате со тоа гледајќи како другите успеваат да завршат нешто околу што се вие се мачите. Иако еден од вашите колеги нуди да ви помогне или се обидува да ве расположи, тешко ви е.

Рак

Размислувате околу тоа како да ги решите проблемите кои ги имате во односот со партнерот. Потрудете се да се контролирате себеси и својата суета. Може да бидете склони кон претерувања. Оние што се сингл, ви се допаѓа личност која покажува дека не е сигурна дали воопшто сака нешто повеќе од флерт. Очекувајте позитивна атмосфера на работа.

Лав

На професионален план, немате доволно концентрација и тешко ви паѓаат и основните обврски. Сега е момент во кој врската или ќе ви напредува, или ќе се прекине. Имате чувство дека компромиси не постојат. Некој од минатото пробува да се врати во вашиот живот, но вие тоа не го
прифаќате бидејќи сакате да ги средите односите во сегашната врска.

Девица

Не можете секогаш да управувате со разговорот онака како што сакате. Денес, сте подготвени на сите да им „солите памет“ и да им објаснувате што вие би направиле доколку би биле на нивно место. Со ваквиот пристап, можете да ги избркате соработниците и сериозно да го повредите партнерот. Не однесувајте се како дете!

Вага

Денес се обидувате да најдете заеднички јазик со сите, но и самите сте свесни дека тоа е невозможно. Сепак, ќе дадете сѐ од себе. Семејните односи денес нема да бидат совршени, па вашите обиди за балансирање нажалост ќе пропаднат.

Скорпија

Веројатно е дека ќе се изморите од обврските во текот на денот, па затоа ќе биде лесно некој да ве иритира и да ве налути. Смирете го остриот јазик во контактот со авторитетните лица, а партнерот не го доведувајте во непријатна ситуација со расправија на јавно место.

Стрелец

Вашите повремени избувнувања им се добро познати на сите и бегаат од вас во таквите моменти. Понекогаш можеби е добро да се издувате, но знаете да бидете напорни со ваквото однесување и луѓето полека може да ве избегнуваат. Вие потоа се покајувате, па се умилкувате како маче. Тоа не му оди во прилог на вашиот имиџ на работа.

Јарец

Ви се чини дека ја гледате вистинската слика за сè околу вас и знаете како треба да се поставите. Сепак размислете уште еднаш пред да делувате бидејќи вашиот поглед  за комплицирана ситуација е многу едноставен, па можно е да пропуштите нешто. Вашиот позитивен став пред другите ќе изгледа како слеп оптимизам.

Водолија

Никако не постои начин да се организирате и да трошите малку време на обврските кои нормално ги завршувате брзо и беспрекорно. Поради ова, можете да се нервирате и да ја „истурите“ целата фрустрација на личноста која ќе биде блиску до вас. Ќе биде доволна ситница да ве
испровоцира. Тоа може да биде партнерот многу лесно .

Риби

Денес, ќе ги ставате емоциите пред деловните обврски. Ќе ги извршите само потребните работи кои не можете да ги избегнете. Ништо нема да ве интересира освен љубовта. Ќе се чувствувате енергично и не можете да дочекате да бидете повторно со личноста што ја сакате. Целиот ден ќе биде за паметење.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....