15.8 C
Скопје
11:58 - 11 март, 2026

АСТРОЛОГОТ ТАМАРА ГРУЈОВИЌ ДУКОВСКА СПОДЕЛУВА: Карактеристики на хороскопските знаци

Често се случува со нетрпение да го очекуваме месечниот хороскоп, да прочитаме нешто повеќе за наклонетоста на ѕвездите, дали ќе имаме повторно средба со бившиот партнер, или ќе се појави некој нов во животот. Дали ни следи работата од соништата или ќе имаме посебен пресврт во кариерата. Кој е нашиот среќен ден или број? Како да освоиме некоја личност во конкретен знак?

Секој хороскопски знак си е карактеристичен сам по себе. Сите сме посебни на свој начин. Тамара Грујовиќ Дуковска изработува професионални натални карти и е во супер однос со хороскопските знаци. За espresso.mk, Тамара ни открива кои се најдобрите карактеристики на хороскопските знаци и како да го подигнеме нивото на нашата самодоверба.

Започнуваме со Овен, Бик и Близнаци:

Овен

Прв знак, прво поле, прв тим, прва радост, првак, пионер, предводник, провокатор, пролет, почеток → Овен. Кога би постоела единица мерка која одеднаш би измерила брзина, нагон, импулсивност, директност, избувливост, глад за докажување, жед за адреналин, акција, реакција – со сигурност би се викала Овен.

Бик

Ова е непокорна волја. Ова е неуморна волја. И ова не е тврдоглавост. Ова е упорност. Упорност на која може да и позавидиме… Голема е разликата од самоуништувачкото однесување, до трпението да се истрае. Од Биковите учиме за трпението… Од Биковите учиме за толеранција и разбирање.

Близнаци

Ова е забавната страна од животот. Ова е незапирливата страна од животот. Ова се сите насмеани деца. Ова е детски џагор. Ова се сите деца кои низ игра животот го гледаат. Ова се сите кои во душата се деца. Затоа се ова младолики луѓе. Но, ова се и сите кои страв од старост длабоко во себе носат.

„Ве сака Тамара до Јупитер“

Многу повеќе за карактеристиките на хороскопските знаци може да прочитате на : JupiterStories 

 

Слични објави

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо
Се вчитува....