18.8 C
Скопје
16:29 - 3 мај, 2024

(ФОТО) ВИКТОР МАЗНЕВ, СПАСУВАЧ НА ЖИВОТНИ: Најемотивен е моментот кога ги наоѓам повредени, скршени, тажни и искористени

Ве запознаваме со младиот велешанец кој не може да си го замисли животот без љубовта од животните – Виктор Мазнев.

Познат е како активист за правата на животните кој години наназад ги отвора вратите од својот дом на бездомните животни од Велес, давајќи им нега и љубов.

Уште од својата 12-та годишна возраст својот дом го претворил стационар за бездомни кучиња.

– Љубовта е таа што те тера да им помогнеш на она што е послабо од тебе, или на оној за кој другите не се грижат, во моментите кога нему му е најпотребно – вели Виктор.

Досега низ неговиот дом поминале премногу животни, но не може да ја каже точната бројка бидејќи биле многу.

– Кучиња, мачиња, зајци, штрк, магариња, овци и кози се само дел од животните на кои сум им пружил нега, храна и љубов, додава тој.

Голем дел од животните кои ги вдомува се со одредени болести или повреди, за чија грижа и лекување се потребни финансии.

– Имам стекнато доверба кај луѓе што ме познаваат и ми помагаат со години, знаат што работам и секогаш се тука за да помогнат и сум им крајно благодарен, бидејќи ништо без нивната поддршка.За секое од нив сум го направил најдоброто што можам. Преврски, чистење рани, терапии, социјализација се само дел од работите што ги правам по дома, но сепак некои животни треба да ги однесам и на ветеринар. Комплетно се грижам за животните, за се што им е потребно, за кога ќе треба да ги дадам во друг дом, тие бидат здрави – ни објаснува Виктор.

Животните ги прибира од улица, некогаш и во лоша состојба.

– Ги земам животните на кои им е потребна помош, кога не можат да се снајдат сами за храна, кога се повредени, како и оние кои нема да успеат да преживеат сами на улиците. Животни удрени од автомобил, отруени, напуштени, скршени…- рскажува младиот велешанец.

Започнало како детска љубов и емпатија кон немоќните животни, a на 12 години го жртвувал својот дом и го претворил во стационар за бездомни кучиња.

– Нормално дека, кога некој дома ќе ти донесе 15 кучиња, не е сеедно, посебно не и на моите дома. Но кога ја видоа мојата сериозна намера, сватија дека тоа сакам да го правам. Тоа беше доволно за да ме прифатат и моите дома како таков. Исто така околу мене веќе имам пријатели кои ги сакаат животните и го работат може и истото што го правам јас. Затоа не им е веќе чудно кога ќе дојдат кај мене и друштво ќе им прават разни животинки – вели Виктор.

Како што поминува времето и како што Виктор се грижи за бездомните животни, тие стануваат дел од неговото семејство и се јавува некоја поврзаност со нив.

– Најемотивен е моментот кога ги наоѓам повредени, скршени, тажни, изневерени и искористени. Гледаш очи полни тага и болка, очи желни за љубов, а дел од нив уринираат и квичат од страв кога ќе им се доближиш, што е резултат на нивниот живот со „нелуѓе“. Ме боли за секое посебно, за секое ми се крши дел до срцето и за секоја изгубена битка губам и дел од мене. Само недела дена со нив е доволна да сфатиш колку се они чисти  и желни за љубов, полни со живот и енергија. Дадете им малку храна, неколку убави зборови и за возврат ќе добиете искрена љубов во изобилство. Има секогаш скриена солза кога треба да дадам куче во некој дом, но тоа не езагуба за мене, туку победа. Грижата за бездомните кучиња е еден процес во кој ја добивате довербата од животното.

Тие не биле бездомни одсекогаш, тие се напуштени од луѓето – вели Виктор.

– Најдов еден волчјак ( германски овчар ) во поодмината возраст. Го прибрав кај мене и верувајте, долго време седеше во ќош, не јадеше, одбиваше и вода. Кај напуштените животни се јавува депресија и подоцна многу е тешко да се воспостави контакт со нив.

Виктор е активист во Здружението ,, Гласот на животните” во Велес, вели дека институциите во Македонија се глуви за проблемот со бездомните животи, има некој закон, но за жал нема кој да го спроведе. За секој проблем има решение, па така и за овој само некој треба да сака да го реши.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо
Се вчитува....