15:55 - 5 декември, 2025

Астро прогноза за петок, 27 јануари

ОВЕН

Овенот денес ќе има задача да вразуми некого. Ѕвездите велат дека на овој ден ќе биде уште поважно да не барате корист во сè. На 27 јануари посветете се на алтруизмот. Внимавајте на желудникот и стомакот, денес се чувствителни.

БИК

Бикот може да биде на милост и немилост на емоциите денес. Ако не можете да ги смирите емоциите на 27 јануари, ризикувате да направите проблеми, предупредуваат ѕвездите. Ниту на вашите шефови ниту дома, ниту на партнерот му е потребна драма. Затоа, смирете се!

БЛИЗНАЦИ

На 27 јануари Близнаците ќе мора да преземат одговорност за нешто. Во принцип, ѕвездите препорачуваат да бидете искрени на овој ден. И пред се – искрени пред самите себе. Вечерта резервирајте ја за плодна дискусија со саканиот/та.

РАК

Раковите ќе мора да бидат на време насекаде и одеднаш. Но може ли се да стигнете? Ставете си приоритети, и не грижете се за тоа што другите ќе кажат. Ѕвездите ве повикуваат да се подготвите за плоден ден. Подобро помалку но квалитетно, отколку сестраност и површност.

ЛАВ

На 27 јануари нешто може да не оди добро за Лавот, да лесно може да се разочара. Ако се чувствувате дека не сте подготвени за нешто, застанете, сменете ја сцената. Не обидувајте се да го земете овој ден во брзање. Идеален е за размислување и ревидирање на ситуацијата, и на љубовен и на деловен план.

ДЕВИЦА

На 27 јануари Девиците ќе имаат потреба од нивната способност да држат сè под контрола. Можеби ќе треба да се борите со противниците, можеби за да ја одбраните својата чест. Главната работа е- не земајте сè при срце.

ВАГА

Вагите може да немаат самодоверба на овој ден. Ѕвездите велат дека ако се двоумите, ништо добро нема да дојде од тоа. Помалку размислување, повеќе акција на 27 јануари. Ќе се изненадите од резултатите.

СКОРПИЈА

На 27 јануари Скорпиите може да бидат разочарани од нешто или од некого. Ѕвездите ве поттикнуваат да не донесуваше брзи одлуки и да не влегувате во кавги – тогаш можете многу да зажалите. Постапувајте мудро денес.

СТРЕЛЕЦ

На овој ден Стрелците можат да откријат некои од нивните супермоќи, велат ѕвездите. И тие ве советуваат да не се воздржувате ако чувствувате желба да ги „победите сите“. Денот е ваш, зграбете го.

ЈАРЕЦ

На 27 јануари Јарците ќе мора да ги ревидираат своите ветувања. Ѕвездите предупредуваат: ако на овој ден не го одржите зборот даден некому, може многу да го поткопате вашиот авторитет. Внимавајте на здравјето, особено на вирусните инфекции, затоа избегнувајте полни а затворени простории.

ВОДОЛИЈА

На 27 јануари Водолијата ќе мора да постапи според околностите, велат ѕвездите. Ако ви треба помош, обидете се да не го одложувате барањето. Вечерта резервирајте си ја за романтика, ѕвездите ветуваат интересна љубовна комуникација.

РИБИ

Рибите треба да бидат исклучително внимателни на овој ден, велат ѕвездите. Ако се опуштите (или помислите дека веќе знаете сè и дека се можете сами), можете да направите голема (или само глупава) грешка.

Слични објави

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin
Се вчитува....