4.8 C
Скопје
15:33 - 17 декември, 2025

Попоски најавува убави сончеви денови, еве кои

– Утринава во Македонија беа измерени навистина невообичаено НИСКИ температури на воздухот, и тоа невообичаено ниски за крај на месец март.

Најстудено како што и беше најавено беше на високите северозападни планински предели, па така на Попова Шапка беа измерени дури -10 степени, потоа -7 во Претор, -6 степени во Маврово, -3 степени во Охрид и во Битола и најтопло беше во Гевгелија и тоа 4 степени.

Во Скопје беа измерени 2 степени.

На повеќе места е забележан умерен до ЗАСИЛЕН мраз, а сето ова МНОГУ ЛОШО ќе влијае врз овошките.

Потоа во следните неколку денови ќе имаме ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ како на минималните утрински, така и на максималните дневни температури на воздухот. Истите преку ден речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и над 20 степени.

До петок времето ќе биде стабилно и со многу повеќе сонце, додека за време на викендот ќе има повеќе облаци и ќе има појава на повремен локален дожд. Ќе дува ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Под влијание на ГОЛЕМ но и ПОСТУДЕН воздушен бран, во понеделник ќе имаме ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, снег и северен ветер, но и нов ПАД на температурите. Детали околу ова следуваат овие денови, кога состојбата ќе биде многу појасна – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Новогодишна бајка: Тамара Тодевска му направи магична роденденска прослава на синот!

Еспресо

Три месеци по породувањето: Александра Пријовиќ откри како ќе се справи со првото одвојување од ќеркичката Арија

Еспресо

(Видео) Голема неправда за Игор Џамбазов во еден многу тажен момент

msp-admin

Ана Николиќ го нападнала Рале со нож поради Карлеуша: Ѝ пратил порака…

Еспресо

Специјално видео од синот Благоја, сподели Адријана Алачки со посебен повод

msp-admin

(Фото) Едвај ги задржа градите: Едита Арадиновиќ провокативно позираше во бунда и крзнен костим за капење

Еспресо
Се вчитува....