4.8 C
Скопје
15:35 - 17 декември, 2025

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌАМЕ ВО СРЕДНАТА ЗЕМЈА: Објавени датум, тизер и наслов за сериското продолжение на „Господарот на Прстените“

Серијата што ќе нè врати во Средната земја и волшебниот свет на Џ.Р.Р. Толкин, односно продолжението на „Господарот на Прстените“ чие дејстви ќе се одвива пред настаните во романите и филмовите, доби наслов, датум на премиера и тизер.

Серијата треба да доживее премиера на 2-ри септември 2022 година и е едно од најочекуваните телевизиски настани за претстојната година, едно што ќе биде најскапата серија на сите времиња, а друго што конечно ќе можеме да си ја напоиме душата со носталгија по „Господарот на Прстените“.

„Три прстени за кралевите Елфови под небото. Седум за џуџестите господари во нивните камени сали. Девет за смртните мажи, осудени на умирање. Еден за мрачниот господар на неговиот мрачен престол во земјата Мордор каде што лежат сенките“, вели нараторот во видеото.

Потоа се открива насловот: The Lord of the Rings: The Rings of Power (Господарот на прстените: Прстените на моќта)

„До сега, публиката ја гледаше само приказната за Еден прстен на екранот – но пред да биде еден, ги имаше многу… и ние сме возбудени што можеме да ја споделиме епската приказна за сите нив“, изјавија креаторите на серијата.

Почнувајќи во време на релативен мир, серијата следи ансамбл од ликови, познати и нови, додека се соочуваат со одамна стравуваното повторно појавување на злото во Средната земја. Од најмрачните длабочини на магливите планини, до величествените шуми на престолнината на елфовите-Линдон, до островското кралство Нуменор што го одзема здивот, до најоддалечените делови на мапата, овие кралства и ликови ќе издлабат наследство што ќе живее долго откако ќе ги снема.

Слични објави

(Фото) Новогодишна бајка: Тамара Тодевска му направи магична роденденска прослава на синот!

Еспресо

Три месеци по породувањето: Александра Пријовиќ откри како ќе се справи со првото одвојување од ќеркичката Арија

Еспресо

(Видео) Голема неправда за Игор Џамбазов во еден многу тажен момент

msp-admin

Ана Николиќ го нападнала Рале со нож поради Карлеуша: Ѝ пратил порака…

Еспресо

Специјално видео од синот Благоја, сподели Адријана Алачки со посебен повод

msp-admin

(Фото) Едвај ги задржа градите: Едита Арадиновиќ провокативно позираше во бунда и крзнен костим за капење

Еспресо
Се вчитува....