16:08 - 31 март, 2026

СТАРЕЧКИ ДОМ ЗА ЖИВОТНИ: На оваа фарма на северот на Германија се грижат за „пензионирани“ животни

Бутенленд

Многумина веројатно никогаш не слушнале за „старечки домови за животни“, но еден таков се наоѓа на северот на Германија, на полуостровот Бутјадинген.

Домот за стари животни „Бутенленд“ бил основан од Карин Мак и Јан Гердес во 2007 година. На фармата се сместени првенствено крави кои по долги години во служба на индустријата ја чекале својата смрт во кланиците, а тука во мир ги минуваат последните години од животот.

Едно типично утро во имотот „Бутенленд“ на Јан и Карин започнува со подготовка на храна за животните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hof Butenland (@hofbutenland)

„Подготвуваме оброк за старите дами и господа од „одделот за нега“. Тие страдаат од остеоартритис и повеќе не можат да бидат во чекор со големото стадо“, вели Карин.

На сопствениците на старечкиот дом за животни на почетокот многумина им се смееле, но во меѓувреме нивниот проект доби голем број симпатизери. Со помош на донации во моментов можат да згрижат 38 говеда.

Кравата на Мариек не може без туѓа помош, бидејќи 12 години била врзана во штала и за тоа време дала повеќе од 100.000 литри млеко.

Сопственичката Карин смета дека е страшно што кравите се третираат како машини и што луѓето знаат премалку за страдањата на тие животни.

Посебен случај е и бикот Оле, кој уште како теле „работел“ во циркус. Него го спасил Ветеринарниот институт, а сега Оле ужива во љубовта и вниманието во „Бутенленд“, но и другите во „семејството“.

„Ни раскажуваат бајки, на пример за кравата што секогаш дава млеко, но прво треба да се роди кравата, а во денешната индустрија тоа значи прво присилно оплодување, а потоа телето се одзема за да можеме да пиеме млеко“, вели таа.

На фармата животните прават што сакаат, се однесуваат како дел од големо семејство кое поседува 20 хектари пасиште.

Снимен е и документарен филм наречен „Бутенланд“ за фармата на северот на Германија. Филмот ја раскажува приказната за двајцата луѓе кои се фокусираат на потребите на животните, далеку од какви било економски интереси.

Снимателот Марк Пиршел ги следел двајцата со својата камера на имотот повеќе од две години. Филмот доловува моменти на среќа и тага, го доведува во прашање моменталниот статус на домашните животни во општеството и ги остава сите трогнати.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....