6.8 C
Скопје
19:44 - 19 февруари, 2026

(ФОТО) ИСКЛУЧИТЕЛНО ОТКРИТИЕ: Во Кина е пронајден фосил од диносаурус свиткан во јајце

Откривањето на фосил на диносаурус совршено склопчен во јајце може да помогне во разбирањето на врската помеѓу диносаурусите и птиците.

Фосилот стар 70 милиони години потекнува од костур на диносаурус овиратор, а го добил прекарот „Бебето Џинглијанг“ по кинескиот музеј каде што моментално се наоѓа фосилот.

„Коските на бебињата диносауруси се мали и кревки, па ретко се фосилизираат ова е навистина ретко. Тоа е неверојатен пример. На ова работам 25 години и никогаш не сум видела нешто слично“, изјави Дарла Зеленицки, вонреден професор на Катедрата за геонаука на Универзитетот во Калгари.

Јајцето е долго околу 17 сантиметри, а должината на диносаурусот, кој бил свиткан во јајцето, се проценува на 27 сантиметри. Научниците веруваат дека целосната возрасна големина на тој диносаурус е од 2 до 3 метри.

Научниците од Кина, Обединетото Кралство и Канада ги проучувале позициите на бебето диносаурус и другите претходно пронајдени ембриони. Тие заклучиле дека диносаурусите се движеле и менувале пози во јајцето слично како птиците. Кај современите птици, ваквите движења се поврзани со ембрионални однесувања кои го контролираат централниот нервен систем и се клучни за успешен развој.

Фосилот завршил во магацин

„Бевме изненадени кога го видовме овој ембрион прекрасно сочуван во јајце од диносаурус, како лежи во птичја положба. Ваквиот став до сега не бил препознаен кај нептичните диносауруси“, изјави Ваисум Ма од Универзитетот во Бирмингем.

Сите птици еволуирале директно од група двоножни диносауруси познати како тероподи.

Фосилот е пронајден во кинеската провинција Џианкси, а во 2000 година го купил Лианг Лиу, директор на кинеската компанија „Јинглианг груп“. Завршил во магацин, главно заборавен, и таму поминал 10 години, додека вработените во музејот не ги прегледале кутиите и не пронашле фосил за време на изградбата на историскиот музеј на Јинглијанг.

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо
Се вчитува....