16.8 C
Скопје
13:54 - 18 октомври, 2026

ЧУДО НА ПРИРОДАТА: Калифорниските кондори можат да се размножуваат без парење

California condor

Екстремно загрозениот вид птици – калифорниските кондори, може да се размножуваат без парење, покажа истражувањето на научниците од зоолошката градина во Сан Диего. 

За време на рутински анализи на биолошките калифорниските кондори во програмата на Зоолошка градина, научниците откриле дека две птици излегле од неоплодени јајца.

California condor

„Тоа беше големо изненадување, да бидам искрен. Не го очекувавме тоа“, вели Синтија Штајнер, помошник директор во научниот оддел за зачувување на природата. Штајнер е еден од авторите на студијата објавена неодамна во „Journal of Heredity“, официјалното списание на Американското здружение за генетика.

 

Научниците потврдија дека секоја од овие птици е генетски поврзана со мајката, но ниту една не е поврзана со мажјакот. Овие две птици се првите примероци на бесполово размножување или партеногенеза потврдени меѓу кондорите, велат од зоолошката градина.

„Станува збор за многу ретко откритие бидејќи феноменот воопшто не е многу познат меѓу птиците. Присутен е кај други видови, влекачи и риби, но кај птиците оваа појава е многу ретка, особено кај дивите видови“, вели Штајнер.

Асексуалното размножување никогаш не е потврдено кај ниеден вид птици кога женката имала пристап до мажјак.

Калифорнискиот кондор е една од најзагрозените птици во светот, но неговата популација расте. Денес има околу 500 живи кондори, од кои 200 се во заробеништво, а 300 во дивината.

Штајнер се надева дека ќе продолжи да ја проучува асексуалната репродукција за да утврди дали тоа ќе се случи кога ќе има повеќе кондори во дивината.

„Ние едноставно сакаме да знаеме колку често овој феномен може да се случи сега кога популацијата се шири наместо да се намалува како што беше пред 80-тите години“, објасни таа.

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....