9.8 C
Скопје
14:30 - 31 март, 2026

Ќе ве разнежни приказната за Гвен и Катерина: Кучката-борец го победи туморот и си го најде својот дом

Малата црна убавица ГВЕН беше заловена пред неколку месеци од страна на заловувачкиот тим на ЈП Лајка. При нејзиниот прием во прифатилиштето на ЈП Лајка и беа направени сите потребни ветеринарни испитување, кои за жал не покажаа добри резултати.

На Гвен ѝ беше дијагностициран ТВТ (преносливо венеричен тумор), за којшто беше потребно да се извршени хируршка интервенција.

фото-приватна архива

По спроведената операција и неколкукратен третман со хемотерапија Гвен беше излечена од ТВТ тумор. Откога се утврди дека Гвен и во добра здравствена состојба, беше објавена на социјалните мрежи на претпријатието, со цел да и се најде дом каков што заслужува.

Гвен имаше прекрасен карактер, беше исклучително мила, нежна и дружељубива, обожаваше да биде во интеракција со луѓе, особено со деца.

Малата и храбра Гвен, имаше среќа да се вдоми од нашата сограѓанка Катерина, која вели дека покрај нејзините физички и карактерни особини, вниманието најмногу и го има привлечено нејзината приказна и здравствена историја, во која и самата се има лично пронајдено.

Впрочем, Катерина споделувајќи го нејзиното животно искуство ни ја раскажа нејзината приказна за борбата со ракот кој и бил откриен во одреден дел од нејзиниот живот.

Нашата вдомувачка Катерина храбро, трпеливо и со силна желба за живот се има изборено со оваа болест,исто како и малата Гвен.

Денес Гвен е дел од нејзиното семејство, секојдневно и се радуваат, уживаат со неа во прошетките во пририда и и даваат многу љубов, нега и внимание.

фото-приватна архива
фото-приватна архива

 

 

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....