9.8 C
Скопје
21:34 - 19 февруари, 2026

(ФОТО) ВО ПОСЕТА НА СЕЛО СВЕТО ТОДОРИ: Земјоделката Соња, невработена, има цветна приказна за паметење!

Во овој невообичаено топол ден, речиси како да е пролет, го посетивме дворот на Соња Спировска во селото Свето Тодори, во општината Могила. И многу ни се допадна ова живописно село, ако не сте минале оттука, ставете го на листата на некои од следните ваши дестинации за посета.

Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на Пелагонија,  во северниот дел на Битолското Поле, станува збор за ридско селце, со преубав чист воздух, вгнездено на надморска височина од 660 метри.

Таму нè пречека љубезната госпоѓа Соња, која е инаку невработена, а се занимава со една благотворна дејност – земјоделие.

Дворот на семејството е импресивен, се простира на околу 300 квадратни метри, а него се грижи нашата дветна дама, со голема помош од сопругот и децата.

– Најмногу одгледувам сардели, петунии, хризантеми и ружи – ни вели Соња.

Таа на своите убавици секојдневно им посветува час до два.

Ни признава дека сите цвеќиња ги сака и не може да одвои само едно што ѝ е омилено!

Ја прашуваше што се случува со цвеќињата во текот на студените денови?

– Во текот на зимата, имам доволно топол и светол простор, па таму се згрижени, а наводнувањето се врши само по потреба, – ни открива Соња.

Стигнуваме до советот за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со градинарство и одгледување и нега на цвеќе. Нашата искусна домаќинка советува:

– За почеток, мислам дека е најлесно да се почне со одглеување на сардели. И кога се одгледуваат до голема љубов, верувајте дека е многу лесно!

Инаку, Соња е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо
Се вчитува....