8.8 C
Скопје
22:37 - 19 февруари, 2026

(ФОТО СТОРИЈА) ЦВЕТНИ ВОЈНИЦИ ВО КОЧАНИ: Совршената симетрија во дворот на Николина е вистинско задоволство за очите и за душата!

Денес разговараме со Николина Георгиева од Кочани која има продавница за оков на мебел.

Во дворот на г-ѓата Николина ќе ги најдете саксиите наредени како војници, облечени во најубави униформи, прошарани со топли бои. Нејзините алеи живеат во совршена симетрија, и сè си има свое место. А во местото кое си го имаат драгите цвеќиња, си виреат полни со љубов и спремни да ја споделат.

Таа веќе три години се занимава со огдледување на цвеќиња.

– Цвеќињата ги купувам во лето: петунии, бегонија, секое цвеќе што ќе ми се допадне. Сакам така да ги подредам, да бидат во исти саксии и складни бои.. да правам разни шари од цвеќиња и каменчиња. Повеќе време посветувам на цвеќињата отколку на мене. Купувам разно течно ѓубре за секој вид цвеќе, ни објаснува Николина.

Таа и покрај отсуството на време е посветена на нејзината голема љубов – цвеќињата.

– Немам многу време во неделата, целосно сум посветена на цвеќињата, но и секој ден ги надгледувам.

– Мое омилено цвеќе е црвен антуриум кој има прекрасен црвен цвет.

Николина се грижи за своите цвеќиња, а тие кои нема да презимат, ги заменува со нови..

– Во текот на зимата немам многу услови. Некои се сушат, па наредната година ги заменувам со нови.

– Ако ги сакате цвеќињата и тие ќе ви возвратат со нивната убавина, ни вели нашата соговорничка.

А како совет за новопечените цвеќари таа вели:

– Оние кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња нека почнат со кактуси, тие не бараат многу внимание.

Инаку, Николина е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

(ФОТО СТОРИЈА) СЕ ДРУЖИМЕ СО ЉУБИЧИЦИТЕ НА РАДА ВО ВЕЛЕС: Ви ја носиме легендата за овие цвеќиња во прекрасни виолетови и сини нијанси пред кои паѓале ѝ боговите

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:


   

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

(ФОТО СТОРИЈА) ВО СЕЛО РЕЖАНОВЦЕ ВО ЦВЕТНОТО ЦАРСТВО НА МИРКО: Повеќе од задоволство, поголемо од мерак, помирисно од парфем…

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....