11:22 - 12 ноември, 2026

(ФОТО) ПЧЕЛИ, МАЧКИ И РАДОСТИ: Раскошниот семеен двор на Емилија има многу посетители

Денес разговараме со Емилија Цако од Штип која по професија е сметководител.

Во семејниот двор на Емилија, растенијата имаат драгоцено место, пчелите и птиците се почесни гости, а мачките сензуални уживатели…

Од кога се занимавате со одгледување на цвеќиња?

– Со цвеќиња се занимавам уште од најмала возраст кога гледав како мајка ми со голема посветеност ги негува салонските цвеќиња и затоа имав огромна почит кон нив.

Кој е одговорен за уредување на дворот во вашиот дом?

– Дворот е целосно уреден од страна на мојот татко, Љатиф, но со оглед на тоа што куќата ја делиме со уште 2 фамилии (тројца браќа) секој од нас си има свој удел во одржувањето на истиот. Дворот зазема површина од околу 80 квадрати и се наоѓа во Штип.

Кои цвеќиња и растенија доминираат кај вас?

– Доминираат ружите, џуџести и ползечки, како и седумот познат како рањеник, а во есен хризантемите.

Колку време дневно бара посветеност оваа убавина?

– Околу 1 час наутро и исто толку навечер, а преку ден кој колку има желба да им посвети ако треба кастрење, отстранување на суви листови, цветови и слично.

За возврат цвеќињата ни даваат рај од опојни мириси и раскошни бои, во кој се релаксираме, а на есен го посетуваат безброј пчели и пеперутки. Природата е чудо!

Кое е вашето омилено цвеќе и зошто?

– Омилено цвеќе ми е детелината затоа што асоцира на среќа, брзо се шири, не мрзне и лесно се одржува.

Како се грижите за растенијата во текот на зимата?

– Во нашиот двор преовладуваат цвеќиња кои не мрзнат, нив ги сечеме до земја, а останатите во саксија ги префрламе во просторија на затворено да презимат. Во текот на зимата остануваат само зимзелените растенија, ни вели нашата соговорничка.

Еден градинарски совет за оние кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња, од кои цвеќина да почнат?

– Почетниците е најдобро да одберат повеќегодишни цвеќиња кои не мрзнат како што се ружите, трендафили, калата, детелина, рањеник (седуми), вампирче, каранфили, петунии, а потоа постепено може да воведуваат и други.

Најважно е да го направат првиот чекор, да влезат во групата Дворчето и ќе се информираат, еве јас дознав за преубави цвеќиња кои сакам да си ги набавам: кампанула, арника, дрво на љубовта, азалеа, левисија, пасифлора и многу други. Има уште многу да се научи, предизвик ми се ливадските цвеќиња и билки кои сакам да ги одгледувам и користам во исхраната.

 

Инаку, Емилија е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

 

КАЈ Е СЕВЕР? КАЈ Е ЈУГ? Ова срце како компас расипан, овие балкони само ги покажува

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

(ВИДЕО И ФОТО СТОРИЈА) ВО КАВАДАРЦИ: Драгица филмски ни ги отвора вратите на нејзиниот легендарен двор!

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....