0.8 C
Скопје
22:19 - 18 декември, 2024

АМЕРИКАНЕЦ ВО СЕЛО ЛОЗОВО: Грег Конер меси кифли, меша ајвар, собира зелки, ниже пипер, а кога ќе каже „сит сум“, бабичка му вика -„јади, јади!“

Природата, храната и пејсажот украсени со антички руини и планински врвови треба да ја направат Македонија задолжителна дестинација за сите.

Грег Конер дојде во Македонија како волонтер на „Мировен Корпус“ во 2019 година и во 2020 ја напушти државата заедно со другите волонтери поради почетокот на пандемијата и светската ситуација која наидуваше.

фото: Фејсбук

Тој има 25 години и растел во Сиетл, во Вашингтон, во мешано домаќинство од американска и балканска култура (мајка му е од Белград). Сега живее во Вермонт и работи за „Шумарската служба“ на другата страна од земјата. Работи во град што е постар од Соединетите Американски Држави, а градот во кој израснал нема ни 150 години. Неодамна Грег, повторно ја посети Македонија, па си поразговаравме по тој повод.

Грег и баба Галина прават ајвар – фото: приватна архива

Како волонтер на „Мировен Корпус“, што те натера да ја избереш Македонија?

– Почнав да работам после факултет, но постојано имав чувство дека нешто недостасува. Сакав да направам нешто авантуристичко, а не само да работам цело време. Сум патувал претходно, но претежно тоа траело една недела и сум морал да се вратам на работа и да држам смена од 14 саати. Ја избрав Македонија од неколу причини, но најголемата беше што сакав да бидам дел од култура што е различна од американската и повеќе сакав да го запознаам потеклото на мајчинската страна. Исплашен бев, но возбуден да искусам нешто што повеќето луѓе во Америка не го искусиле.

Лозово – фото: приватна архива

Како ти беше времето поминато во Лозово? Како се справуваше со различните обичаи, храна? Со новото семејство?

– Го добив тоа што го сакав во селото Лозово, навистина беше поразлично од сè што сум знаел и на што бев навикнат.

Живеев со баба, нејзиниот син, неговата сопруга и нивните двајца синови. Кога немав часови по македонски јазик или не учев јазик во слободното време, помагав на фармата, работев на нивите. Собирав зелка, јатки, домати и други производи.

фото: приватна архива

Областа околу Лозово ме потсетуваше на низите во Монтана. Животот во село сам по себе беше интересно искуство. На некој начин ме потсетуваше на животот во селата во САД, ама луѓето во Македонија се многу подиректни со нивните прашања. Често ме прашуваа зошто сум дојден во селото и зошто сè уште не сум оженет.

фото: приватна архива

Уличните мачки и кучиња и добитокот исто така беа голема промена за мене и бев шокиран кога се разбудив со мачка во кревет. Кога им покажував слики на моите, мајка ми беше шокирана што ме гледа како правам ајвар или ракија.

фото: приватна архива

Некои од малите села тука низ Вермонт ме потсетуваат на Лозово!

ракија
фото: приватна архива

Каква ти беше транзицијата во Македонската храна? Која ти беше омилена? И какво беше твоето искуство во правење ајвар?

– Храната ми беше омилена! Ме потсетуваше на некои од јадењета што мајка ми ги правеше кога бев дете. Омилена ми беше шопската салата и кифлите кои ги правевме со бабата за селската слава. Правењето ајвар ми беше едно од омилените искуства. Ми се допаѓаше што ги беревме состојките од градината. Бев зачуден од големината на тенџерето и огромната лажица. По три месеци, ајварот стана неопходен во мојот живот. Се вратив скоро во Лозово да земам нова тегла.

фото: приватна архива
фото: приватна архива

Брзо морав да научам дека изјавата „гладен сум“ не значи брза ужинка. Еднаш, се вратив дома по часовите по јазик и се согласив да јадам, мислејќи дека ќе биде нешто на брзина, а бев пресретнат со домашен оброк кој ме држеше сит со часови.

Кога ќе кажев „полн сум“, бабата ми викаше: „треба да јадеш“ или „јади, јади!“. Многу ми беше, ама храната беше меѓу најдобрите што сум ги јадел!

фото: приватна архива

Кои ти се впечатоците од земјата и што те натера да ја посетиш повторно?

– Времето поминато во Македонија беше прекрасно. Едно е од врвовите на мојот живот. Природата, храната и пејсажот украсени со антички руини и планински врвови треба да ја направат Македонија задолжителна дестинација за сите. Најголемата причина поради која се вратив на посета беа пријателствата што ги создадов.

Баба Галина – фото: приватна архива

 

Им раскажувам на пријтелите во Америка дека луѓето од Македонија се едни од најљубезните и најгостопримливите луѓе што некогаш сум ги запознал. Искрено, можам да кажам дека пријателставта што ги создадов ќе траат цел живот и сигурно ќе се вратам повторно!

Се надевам дека еден ден, моите пријатели ќе дојдат во Сиетл, па ќе можам јас да им го покажам мојот дом, но дотогаш, се гледаме наскоро!

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

Грег во Лозово на пазар – фото: приватна архива

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....