9.8 C
Скопје
19:09 - 26 октомври, 2026

УГОЛ ГОЛА: Омилената Хурем Султан со секси објава од када

мерјем

Актерката Мерјем Узерли која се прослави со турската серија „Сулејман Величествениот“ во која ја толкуваше улогата на фаталната Хурем, на почетокот на годината стана мајка на девојчето Лили Кои и моментално е целосно посветена на мајчинството. Но, германската актерка со турско потекло наоѓа малку време и за себеси…

Оние кои ја следат славната Хурем на социјалните мрежи знаат дека таа најчесто објавува фотографии на кои ги покажува своите фризури во најразлични бои и нијанси и модните комбинации. Мерјем Узерли овој пат отиде чекор понатаму, позирајќи гола.

Познатата 38-годишна Турчинка позираше во својата бања, во када, со широка насмевка на лицето.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Имено, таа покрај Лили Кои, е мајка и на шестгодишното девојче Лара Џемина. Пред да ја роди имала тешки здравствени проблеми. Нејзиниот тогашен партнер, 17-годишниот претприемач Кан Атеш, сакал актерката да абортира. Ја прекинала врската со него и решила сама да ја одгледа својата прва ќерка.

Оттогаш Мерјем не сака да зборува за приватниот живот, а овој пат животната среќа ја чува за себе, па сè уште не потврдила дали таткото на нејзината втора ќерка е актерот Чаглар Ертугрул, со кој долго време е во врска.

Според пишувањата на странските медиуми актерката веќе некое време плови и во претприемачките води и отворила продавница за здрави слатки во центарот на Берлин. Поздрави верзии на чоколадо, бонбони и џемови.

Слични објави

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.
Се вчитува....