09:52 - 5 декември, 2025

(ВИДЕО) ЗВУЧАТ ФЕНОМЕНАЛНО: Теа и Дупер со заедничка песна – „Не ми даваш сон“

По сè изгледа соработката помеѓу младата пејачка Теа Трајковска и момците од групата „Дупер“, Илчо и Борис се покажа како одлична.

Нивната заедничка песна „Не ми даваш сон“ која ја објавија пред само неколу дена, наиде на доста позитивни реакции и коментари од страна на публиката.

За само два дена, песната „органски“ имаше преку 50.000 прегледи, што е навистина одлична бројка за толку кратко време.

Меѓутоа за да дојдат до ваква песна Теа и Дупер ги здружија силите со одличниот хит-мејкер Лазар Цветкоски, кој досега соработувал многупати со Теа, а за првпат со Илчо и Борис.  Сите од нив се потпишуваат на музиката, додека пак текстот заеднички го напишаа Теа, Илчо и Борис.

Одлична песна, не оди без одличен видеоспот, па затоа Теа, Илчо и Борис снимија одлично видео под режисерската палка на Томислав Живковиќ.  Во спотот покрај нив тројца се појавуваат уште неколкумина статисти кои допринесоа сето тоа да изгледа така како што изгледа.

Инаку за оваа нивна соработка, Теа Трајковска има само позитивно мислење.

– Ми се допаѓа музиката на „Дупер“, ама ептен сум среќна што успеавме да создадеме нов звук и за мене и за нив и проект кој беше предизвик за нас тројца и Лазе. Мислам дека го погодивме „вајбот“ на песната со видео записот и дека во самиот спот се гледа дека си поминавме супер на снимање. Не смеам да заборавам да се заблагодарам на Даниел Николовски, дизајнерот Занов, Фешн енд Френдс и Дарко Петковски – вели Теа.

Задоволството не го криеја ниту Илчо и Борис.

– Многу се радуваме на ваквите соработки кои се случуваат природно и неисфорсирано. Со Теа лесно најдовме заеднички јазик и успеавме да направиме песна што стилски подеднакво нѐ опишува и со музиката и текстот. Се надеваме дека ќе им се допадне на сите кои ќе ја слушнат и дека ќе се пронајдат во приказната позади стиховите – велат момците од познатата група.

И Теа и „Дупер“ не ја исклучуваат можноста за повторно да соработуваат во иднина, но дотогаш уживајте во „Не ми даваш сон“.

Слични објави

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

Мал сончев зрак води низ облачно небо: Лична приказна на Илина Арсова

msp-admin

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо
Се вчитува....