00:51 - 12 јули, 2026

ИСКРЕНО СО ЕЛЕНА И НЕНАД МАРКОСКИ: Зад емотивната приказна за лепчето без брашно стои борбата на едно детенце против леукемија

Пред повеќе од 10 години братчето на Елена се разболува од леукемија, па со тоа мајката на Елена започнува да изтражува многу на темата здрава исхрана и како да придонесе за неговото здравје. Така доаѓа и до овој рецепт за лепчето без брашно.

Лебот не е храна, лебот е лек. Борбата со леукемијата ја започна и приказната за „Лебот на мама“. А за неа ни раскажуваат Елена и Ненад Маркоски, кои се денес наши соговорници.

Како започна приказната за Лебот на мама?

– „Лебот на мама“ има една, би кажале, емотивна приказна и причина за почеток. Самото име всушност ја покажува важноста на секоја една мајка во нашите животи, нивните прекрасни рецепти и посветеноста за секој еден од нас. Во нашата приказна тоа е мајката на Елена од каде всушност и потекнува рецептот за лепчето. Пред повеќе од 10 години братчето на Елена се разболува од леукемија, па со тоа мајката на Елена започнува да изтражува многу на темата здрава исхрана и како да придонесе за неговото здравје. Така доаѓа и до овој рецепт за лепчето без брашно.  По неговата трагична смрт, после неколку години, одлучуваме ова лепче да се најде на трпезата и на сите вас со цел да придонесеме за стекнување на здрави навики.

Зошто е карактеристичен и специфичен Лебот на мама?

– Лебот на мама е домашно лепче без брашно, без никакви адитиви и додатоци направено од цело изртено зрно на пченица. Во составот, покрај пченицата како главна основа, има и јачменови снегулки, сусам, сончоглед, ленено семе, црно семе.

Како се чува лебот?

– Бидејќи лепчето нема адитиви во себе, истото е потребно да се чува во фрижидер.

Тука се и намазите како дополнување на Лебот на мама….

– Покрај Лебот на мама, подготвуваме и здрави хумус намази, без додатоци и адитиви. Моментално имаме класичен хумус, пикантен хумус, хумус со цвекло и намаз од црвена леќа. Важно е да напоменеме дека при подготовка не користиме конзервирани производи како што е конзервиран наут или цвекло. Кај нас буквално сè се подготвува свежо.

Како можат да ве најдат и да нарачаат производите?

– Достапни сме на двете социјални мрежи Facebook и Instagram каде слободно луѓето можат да не исконтактираат преку порака. Дополнително тука е и нашата веб страна www.lebotnamama.mk од каде примарно ни пристигнуваат нарачките и финално достапни сме и на телефонскиот број 070-277713.

За крај, зошто треба да внимаваме што јадеме?

– Многу е важно што конзумираме бидејќи храната колку што може да биде лек исто толку може да биде и причинител за многу болести и здравствени потешкотии кај луѓето. Среќни сме што до сега имаме добиено многу позитивни искуства од наши клиенти кои успеале да ја регулаат прекумерната тежина, дијабетесот како и проблемите со варење на храната. Тоа всушност и ни дава дополнителен мотив за работа. Треба да сме благодарни што живееме во поднебје каде успеваат најразлични зеленчуци и овошја и истите треба паметно да ги искористиме. Секако, во комбинација со нашите производи (се смее, н.з).

ФОТОГРАФИИ – Приватна архива

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....