18:16 - 4 август, 2026

(ВИДЕО) БОЈАНА СО НОВА БАЛАДА И СПОТ: Приказна за отсуството на емпатија во свет полн со предрасуди 

Секогаш доминантна и полна со изненадувања, Бојана Скендеровски повторно чекори цврсто на македонската естрада, со нова и моќна приказна трансформирана во емотивна мелодија.

фото – приватна архива

Видео записот на новата песна на Бојана, насловена „Зад завесите“ денес премиерно ја добива својата онлајн промоција. Приказната за отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди е дел од новиот проект на Бојана, со којшто започнува низата на дополнителни изненадувања, коишто Бојана ќе ги претстави на публиката оваа година.

„Чувството да се биде повторно во етер е секогаш слатко задоволство, а најмногу поради можноста преку музиката како уметност да споделам вистински емоции и порака за важни теми, коишто сметам дека е потребно да се дискутирани во општеството. Да пренесам размислување и став преку мелодија, да се искажам емотивно, можам единствено на најдобриот начин на којшто умеам – преку песна. Сакам да се заблагодарам на целиот тим, којшто ја поздрави и прифати идејата на новата Бојана, проект којшто со голем предизвик и ентузијазам го најавувам за започнат со „Зад завесите’’. За оваа година си поставив цел да го споделам со јавноста сето она кое веќе неколку години созрева во мене, а тоа е еден поинтензивен и помоќен стил на носење порака до гледачите,“ изјави Бојана.

фото – приватна архива

Зад “Зад завесите“ се потпишува искусен тим.

Видео записот на новата балада е во режија на едно од најценетите имиња на македонската музичка естрада, Александар Ристовски – Принц, кој со својот ексцентричен и секогаш уникатен стил со доминантни и директно прикажани симболи, на едноставен начин ја пренесува вистинската суштина на меланхолијата на самата песна.

Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, а текстот е на Ксенија Николова.

„Пред околу една година, текстот го напишав во еден здив. Емоциите се испишаа скоро сами во строфите на песната, а произлегоа од мислата за сите луѓе, кои се во животот на еден човек, но се всушност и публика, набљудувачи, коментатори и судии. Сфатив колку малку луѓето ја разбираат туѓата болка и колку им е полесно да го дефинираат човекот според своите очекувања, наместо вистински да слушаат, да бидат внимателни. Сржта на песната е отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди и секој стих е дамски начин на пренесување на главната порака, којашто Бојана ја доловува совршено со својот доминантен и препознатлив глас,“ вели текстописецот Ксенија Николова.

„Кога се обраќаш кон самиот себе во потрага по одговорите, е суштинскиот двигател во самиот видео запис. Бидејќи се оддалечивме едни од други, но најмногу се оддалечивме од себе. Сѐ што ни се случува е рефлексија од нашата внатрешна состојба,“ се надоврза Александар Ристовски-Принц.

Видео спотот на  „Зад завесите“ својата премиера ќе ја има вечерва (27.01.2022) во 19:30 часот на официјалниот YouTube канал на Скендеровски продукција:

Слични објави

(Фото) Бојана Лазиќ блесна во црвен костим за капење на одмор во Црна Гора

Еспресо

Хит — Ана Николиќ ги насмеа сите откако ѝ честиташе на Анастасија Ражнатовиќ, но означи погрешен профил

Е.А.

(Фото) Горан Папаз и Наташа ги крстија близнаците во Охридското Езеро

Еспресо

(Фото) Првпат сите тројца заедно на море: Анастасија и Немања го однесоа синот Илијан на одмор

Еспресо

Четири освежителни салати од краставици и мал трик што го менува вкусот

Т.Ц.

Кога температурите растат, изборот на облека станува поважен отколку што мислиме – памукот и белата боја не се секогаш идеално решение

Т.Ц.
Се вчитува....