10.8 C
Скопје
01:22 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Студено со интензивен дожд, еве точно од кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ПОСВЕЖО со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе започнат врнежи од дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 23 степени.

Според Попоски, од утре па натаму следува период на облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО време со врнежи од дожд кој локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ. Сепак НАЈИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во југозападните предели каде локално ќе наврнат и над 40 л/м2 воден талог. Поради падот на температурите за повеќе од 10 степени, не се исклучува можноста на највисоките планински места и за провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и од утре па натаму ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 17 степени.

– И во Скопскиот регион од утре па натаму времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите значително ќе опаднат и максималните дневни ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат само до околу 15 степени, заклучува Попоски.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....