8.8 C
Скопје
09:46 - 27 октомври, 2026

(ФОТО) КАКВА БОЈА: Брижит Макрон во „кралско“ палто од кое тешко се трга поглед

Францускиот претседател Емануел Макрон и првата дама Брижит Макрон беа домаќини на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и неговата сопруга Марева Грабовски. Грчкиот премиер, придружуван од неговата сопруга, пристигна во официјална посета на Франција.

Причината за неговиот краток престој во Париз беше изложбата „Париз – Атина: Раѓањето на модерна Грција“, што се одржува во музејот Лувр во Париз.

Фото: Profimedia

Макрон и Мицотакис лично ја отворија изложбата поставена во чест на 200 -годишнината од Грчката војна за независност. Изложбата, која се фокусира на културните, историските и уметничките врски меѓу двата народи, е отворена за јавноста на 30 септември и може да се види до 7 февруари 2022 година.

Фото: Profimedia

Кога станува збор за модата , француската прва дама уште еднаш играше на сигурно во многу едноставна и елегантна комбинација, како што доликува на обиколка на важна културна институција.

 

Фото: Profimedia

Во исто време, таа покажа колку е лесно да се дојде до центарот на вниманието без високи процепи и длабоко деколте. Брижит носеше палто во таканаречената кралска нијанса на сино што е толку убаво и доминантно што е тешко да го тргнеш погледот од него.

Фото: Profimedia

Нејзиниот елегантен капут на тој начин стана главен адут на навидум едноставна комбинација која се истакна благодарение на бојата на палтото.

Слични објави

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо
Се вчитува....